Врвни трикови за веѓи

Познатите визажисти се „колнат“ во нив!

Фото: Getty Images

Постигнете совршена симетрија

Естетски е исклучително важно растојанието меѓу веѓите да биде апсолутно уедначено. Доколку не успевате во тоа, употребете линијар. Доколку мора да го коригирате обликот на веѓите, направете го тоа со пинцета или со жилет. Никогаш немојте да ги депилирате веѓите со восок.

За пополнување на веѓите користете две бои

Внатрешниот крај на веѓите треба да биде малку бушав, сè до лакот, а потоа треба да бидат уредни. За да го пополните почетокот на веѓите, употребете крем-моливче во боја посветла од природната боја на вашата коса. За дефинирање на лакот и за продолжување на крајот на веѓите, употребете потемна нијанса.

Фиксирајте го обликот

Многу визажисти нанесуваат малку лак за коса на специјално чешелче за веѓи, со кое ги чешлаат. На тој начин се прицврстува посакуваниот облик. За да бидете сигурни дека ќе останат совршени во текот на целиот ден, ставете малку транслуцентна пудра на завршетоците на веѓите, почекајте 10 минути, па исчеткајте ги.

Направете ги пополни

За стимулирање на растот на веѓите пробајте рицинусово масло – втријте во нив мало количество, најдобро пред спиење.

Текст: Н. Човиновска

Фото: Guliver/Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.