Ја подобрува крвната слика, го зајакнува имунитетот и го прочистува црниот дроб: Мора да го запишете рецептот за овој домашен сируп!

Ќе ви го прероди организмот

Особено се препорачува за анемични лица

Овој сируп е многу здрав и наменет е за лица кои имаат лоша крвна слика. По една недела ќе ги забележите првите промени, а за два месеца, крвната слика ќе ви биде одлична.

Покрај тоа што ја подобрува крвната слика, сирупот од цвекло значително го зајакнува имунитетот за многу кратко време, а сето тоа благодарение на големата количина на витамини и минерали што ги има.

Покрај протеини, масти и јаглехидрати, цвеклото содржи и минерали како што се калциум, калиум, натриум, фосфор, магнезиум, железо, флуор, манган, бакар, јод, сулфур, бром и други. Во големи количини содржи и витамини Б1, Б2, Ц, како и витамин Б12, кој е исклучително редок.

Антоцијанинот му дава црвена боја на цвеклото и истовремено влијае и врз обновувањето на крвта, а постојат и истражувања што тврдат дека дејствува антиканцерогено.

Јодот го забавува процесот на стареење и го зајакнува здравјето на коските.

Бетанинот го регулира крвниот притисок, го намалува холестеролот, ги прочистува крвните садови и ја подобрува работата на црниот дроб.

За приготвување сируп од цвекло ќе ви треба:

  • 1 кг цвекло
  • половина килограм морков
  • 2 портокала
  • половина килограм кисели јаболка
  • 1 лимон
  • 500 г домашен мед

Приготвување:

Излупете ги цвеклото, морковот и јаболката, исечкајте ги на ситни парчиња и ставете ги во соковник. Потоа, додајте и сок од портокал, лимон и мед. Сето тоа добро измешајте го и префрлете го во стаклено шише.

Пијте го овој сируп секое утро на празен желудник, околу 1 дцл растворен со вода.

Направете сами домашен и ефикасен сируп против упорната кашлица
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.