Исчистете ги бубрезите за 15 дена на природен начин: Брз и лесен рецепт!

Оваа неверојатна житарка ги решава камењата во бубрезите.

Сè повеќе луѓе страдаат од камења во бубрезите за кои се пропишани краткорочни лекови или пациентите се испраќаат на повеќе или помалку инвазивни методи, по што периодот на опоравување е напорен и стресен.

Просото е прифатлива житарка и навистина чудесен лек за лекување на бубрезите. Многумина што пробале просо како метод за лекување на камења во бубрезите и песок, велат дека тоа им помогнало толку многу што веќе немаат никакви проблеми. Во народната медицина, просото се користи и како природен лек за третман на уролитијаза (формирање камења во урината и уринарниот тракт).

Просото ефикасно ги чисти бубрезите, го елиминира песокот и слузот, ги отстранува малите камења од бубрезите и мочниот меур, помага кај женските болести и лечи циститис. Патем, просото е едно од најпознатите житни култури кое има висока хранлива вредност и лековити својства. Ви предлагаме навистина чудесен и ефикасен рецепт на руската народна медицина за третман на бубрези, кој ќе ви помогне да ги исчистите бубрезите, да излачувате слуз, песок и мали камења.

Во вечерните часови исплакнете 1 чаша (200 гр) просо во топла вода. Истурете го просото во поголема тегла (од 3 литри) и истурете 2/3 од теглата со врела зовриена вода. Покријте, добро протресете, завиткајте со нешто топло и оставете преку ноќ.

Протресете повторно наутро. Ќе забележите бела заматена течност во теглата. Ова е вашиот лек. Истурете ја течноста од теглата во друг сад. Пијте во текот на денот без ограничување, во која било количина, кога сакате.

Не го фрлајте просото. Направете здрава каша и јадете ја за појадок. (1 чаша просо, 3 чаши вода, варете околу 15 минути).

Вечерта, подгответе нов дел за следниот ден, по истата постапка. Овој сок треба да се пие 10-15 дена. Резултат: по 10-15 дена, каменот ќе се стопи и ќе излезе заедно со урината, а бубрезите ќе се чистат од песок, слуз и камења. Воспалението ќе биде елиминирано, ткивото на бубрезите и органите на уринарниот тракт обновени.

Оваа житарка е достапна за секого. Не е скапа, можете да го најдете во сите продавници за здрава храна.

Со воведување на просо во вашата исхрана, ќе придонесете за здравјето на бубрезите. Превенцијата е она за што треба да размислите, бидејќи вашето тело ќе избегне потенцијални болести и ќе го исчистите на природен начин.

Прочитајте и: Дали бананите се добар избор за слабеење?

 

ФОТО: Thinkstock

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.