Брзи и лесни фризури за жешките летни денови!
Фризурите за жешките летни денови треба да се направат брзо, за да бидат практични и издржливи. Ви носиме решенија!
Секоја девојка трпи посебно мачење во текот на летните месеци кога станува збор за косата. Каде и да одиме, си го поставуваме истото прашање: како можеме да задржиме убава фризура кога надвор е 30+? Што и да правиме, епилогот е ист: косата губи волумен во текот на денот и нема форма.
За да го спречите ова, ви даваме идеи како секогаш да изгледате одлично во текот на летото, без многу напор.
Фризури за жешките летни денови
Извртена ниска пунџа
Врзете ја косата во ниска опашка, а потоа извртете ја косата спротивно од стрелките на часовникот. Направете пунџа и закачете со шноли. И тоа е тоа!
View this post on Instagram
Вселенски пунџи
Веројатно најлесната и најефективната фризура. Со минимален напор добивате шик изглед.
View this post on Instagram
Шишки и плетенки
Ниската пунџа во комбинација со плетенката во предниот дел дава префинет изглед, погоден и за дневна и за вечерна варијанта.
View this post on Instagram
Високо „коњско“ опавче
За совршено високо опавче, добро затегнете ја гумената лента и залижете ја косата со дебел чешел. Поставете ги деловите од косата што паѓаат со помош на стара четка за заби на која претходно сте испрскале малку лак за коса.
View this post on Instagram
За пократка коса
Користејќи шнола, закачете ги горните слоеви на коса со извртување на прамените. Конечно украсете со шнола и подготвени сте да одите!
View this post on Instagram
Модерно „коњско“ опавче
Она што особено го сакаме кај оваа фризура е тоа што е неверојатно едноставна и ефикасна. Врзете ја косата во опашка, а потоа врзете еластични ленти по целата должина.
View this post on Instagram
Прочитајте и: Пет совети за хидрирани и убави усни!
ФОТО: Instagram