Инфаркт! Сигнали за ПАНИКА

Најчестиот симптом на инфаркт, и кај мажите и кај жените, е интензивна болка и чувство на тежина во градите. Сепак, кај жените, како што веќе кажавме, има помалку типични и помалку изразени симптоми.

Болки во горниот дел на телото. Може да имате болка во едната или двете раце, вратот, рамената, вилицата или стомакот, областа помеѓу лопатките. Болката се јавува ненадејно или се шири од еден дел до друг.

Силен умор, слабост без одредена причина. Ви се чини дека малку по малку паѓате од умор, иако пред тоа не сте имале тешки оптоварувања.

Отежнато дишење, чувство на недостиг од воздух. Би требало да бидат предупредување ако покрај тоа чувствувате умор и болка во градите.

Прекумерно потење. Чувство на студ и „лепливост“ по целото тело.

Проблеми со спиењето. Долго ви треба да заспиете, често се будите во текот на ноќта, уморни сте наутро.

Проблеми со желудникот. Понекогаш пред инфаркт жените чувствуваат симптоми на лошо варење, а кај некои може да дојде до мачнина и повраќање.

Текст: Руски доктор

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.