Отечени капаци? Со што е поврзано тоа и како да се избегнат овие симптоми?

Дланките на нив!

Многумина од нас наутро се будат со отечени очни капаци. По неколку часа, отоците поминуваат. Многумина од нас наутро се будат со отечени очни капаци. По неколку часа, отоците поминуваат. Со што е поврзано тоа и како да се избегнат овие симптоми?

Пред сè, преиспитајте го вашиот животен стил за да ја минимизирате оптовареноста на очите и да ги отстраните ќесите околу нив. Покрај редовниот сон и правилната исхрана, помагаат и одредени вежби и нанесување облоги.

* Гимнастика. Контролирајте го времето поминато пред компјутер и обидете се да не ги напрегнувате очите пред спиење. По половина час фокусирана работа, опуштете се правејќи гимнастика за очи: пишувајте „осумка“ со очите, движете ги силно лево-десно, горе-долу, погледот спуштајте го на носот. Додека ги правите вежбите, треба да чувствувате напрегнување во очите.

Потоа затворете ги очните капаци и поставете ги дланките на нив (без да ги притискате, средината на дланките треба да биде на очната орбита) за да не продира светлина до очите. Седете така во темница 10-15 секунди. Потоа тргнете ги дланките, отворете ги очите и повторете ја вежбата по неколку секунди. Најдобро е да ги правите овие вежби во затемнета просторија.

! Овие вежби ги препорачуваат не само козметичарите за намалување на отокот на очните капаци туку и офталмолозите за зајакнување на видот.

* Пијте топла вода со лимон Во чаша топла вода ставете неколку капки сок од лимон за водата подобро да се апсорбира и да не стагнира во меѓуклеточниот простор.

* Облоги. Лажица суви ливчиња од ружа (се продаваат во билна аптека) прелејте со шолја зовриена вода, по половина час процедете и оладете. Во топлиот одвар натопете блазници и со нив тријте ги очите во текот на денот. А пред спиења ставајте облоги: натопете ги блазниците со одварот и држете ги на затворени капаци 30 минути.

Текст: Руски доктор

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.