Истегнување или не? Зошто може да биде опасно?

Постојат правила!

Висењето на вратило е можеби една од најпристапните и најпопуларни вежби за здравјето на ‘рбетот. Дури и протрузиите и херниите на интервертебралните дискови не се причина да се откажеме од истегнување, тврди специјалистот за рехабилитација Александар Јуриевич Шишонин (Москва). Но постојат правила!

Кога човекот виси на испружени раце, неговиот ‘рбет се истегнува и тоа е многу корисно. Со постоење на хернии и протрузии (испакнатини) на кој било дел од грбот, лигаментите по правило се веќе доволно слаби, а при истегнување на вратило може да се истегнат уште повеќе, особено поради големата телесна тежина, што може да го зголеми синдромот на болка. Сепак постојат неколку совети што ќе ве спасат од ризик.

Како се прави правилно?

* Гредата за истегнување не треба да биде висока (вашите стапала нека го допираат подот). Можете да висите онолку колку што ви држат рацете. Ако скокнете од неа а имате протрузии – тоа е опасно: може да предизвика грчеви и поместување на пршлените, предупредува специјалистот за рехабилитација. Затоа, не скокајте за да стигнете до вратилото или да се „симнете“ од него.

* Во случај на остеохондроза на лумбалниот предел, за време на истегнувањето колената треба да се повлекуваат кон градите (барем кон стомакот). На овој начин, мускулите се вклучуваат во работата, а лигаментите ќе бидат под заштита на мускулните контракции. Како резултат на тоа, тие нема премногу да се истегнат и нема да бидат повредени.

Покрај тоа, кога стомачните мускули се напрегнуваат, лумбалните мускули автоматски се опуштаат. На овој начин ќе го истегнете ‘рбетот, без ризик од повреди. Ако не можете да ги повлечете нозете кон градите, лекарот советува барем да ги свиткате колената или да се обидете да ја подигнете карлицата, едната половина, па другата. Ќе работи и ‘рбетот, особено лумбалниот дел.

* Доколку имате проблеми во вратот и градите, кога висите на гредата треба да гледате право, не вртејќи ја главата, предупредува д-р Александар Јуриевич. Во спротивно, мускулите на вратот ќе се искривуваат и ќе предизвикаат влошување на цервикалната остеохондроза и постојните проблеми во дисковите.

Текст: Руски доктор

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.