Била во кома 5 дена, имала страшни халуцинации, останала без коса: Исповед на невакцинирана девојка (22) за пеколот наречен корона!

Сè уште ги чувствува последиците

Исповед на девојка на која поради коронавирус ѝ паднала косата, од почеток морала да учи да оди, да јаде…

Фајон Барнет е само една во низата млади луѓе за кои коронавирусот претставувал опасност по живот иако обично важи ставот „не сум од загрозена група, немам многу години, нема да фатам корона“. Има само 22 години, а ја изгубила сета коса и морала од почеток да учи да оди и да зборува.

Не сакала да се вакцинира, мислејќи дека нема потреба. Но денот откако го прославила 22-от роденден, Фајон ги почувствувала првите симптоми и направила ПЦР-тест. Добила позитивен резултат, но не била премногу загрижена, уверена дека поради годините и општото здравје на организмот ќе помине лесно, како со обична настинка. Но ѝ станувало сè полошо и завршила во болница, само една недела по позитивниот тест.

„Ме внесоа во количка и веднаш ме ставија на кислород. Се сеќавам дека на одделението имав страшен пад на состојбата на целиот организам, не можев да станам ниту да одам. Ме ставија во вештачки предизвикана кома поради забрзаната работа на срцето. Мислеа дека ќе дојде до срцев застој, а имав и воспаление на белите дробови“, рекла таа.

Фајон добила и халуцинации од јаките лекови, а била 5 дена во кома на интензивна нега. Кога првпат ја разбудиле, била толку вознемирена што веднаш била вратена во кома.

„Не знаев што е реалност, а што не. Моите беа преплашени, а јас немав поим што се случува“, рекла таа.

Поминала повеќе од две недели во болница и вели дека не постои апарат на кој не ја ставиле.

„Кога конечно излегов од болница, морав од почеток да учам да одам. Да зборувам и да јадам. Мојот глас повеќе не беше мојот глас. Не можев сама да се избањам, да се движам, луѓето мораа да ми прават оброци и да ме хранат“, рекла таа.

Еден од необичните споредни ефекти на шокот од престојот на интензивна нега се одразил и на нејзиниот изглед. На Фајон ѝ паднала целата коса.

„Имав долга, бујна коса. Не почна да опаѓа, сè додека не излегов од болница. Беше страшно на почетокот, но потоа пресеков и одлучив да си ја избричам главата. Во меѓувреме се вакцинирав, но сè уште ги чувствувам последиците од коронавирусот. Исцрпена сум и летаргична“, раскажала таа.

Исповед на заболен од коронавирус: „Ова искуство не би му го посакал ни на најлошиот непријател!“
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.