Исповед на заболен од коронавирус: „Ова искуство не би му го посакал ни на најлошиот непријател!“

Останете дома

Се’ почнало на 5 март, на работа се чувствувал добро, но кога дошол дома имал температура висока 38°Ц

Италијанецот Фаусто Русо (38), кондиционен тренер по фудбал е еден од речиси 80.000 заболени од КОВИД-19 во Италија.

Тој е спортски тип, непушач, не пие, оди на прегледи секои шест месеца и никогаш немал здравствени проблеми. Но, за жал, се заразил со корона.

Таткото на две деца дал телефонско интервју од својот болнички кревет во Латина, град оддалечен 70 километри југоисточно од Рим, опишувајќи ја суровата реалност на животот со корона.

Температурата не се спуштала

Се јавив на лекар и ми препиша лек за снижување температура. Но како што минуваа деновите, не се спушташе и имав се’ повеќе потешкотии со дишењето, додека не ме зафати сериозна респираторна криза ноќта во саботата“, почнал Росо и продолжил.

„Тогаш сфатив дека тоа не е само грип. Се’ ме болеше и едвај дишев.“

Брзата помош дошла по него во 14 часот неделата, а здравствените работници имале заштитна опрема.

Сопругата Росела се обидела да го смири нивниот најмал син.

Гледај, стигнаа војниците од ’Војна на ѕвездите’ и тие ќе го претворат татко ти во суперхерој“, му кажала.

Меѓутоа, тој не се чувствувал така.

Ова беше најлошото искуство во мојот живот и не би му го посакал тоа ни на најлошиот непријател“, нагласил Росо.

Има 38 години, не пуши, не пие, оди на прегледи секои шест месеца и никогаш немал здравствени проблеми.

Останете дома. Немојте да му верувате на тоа што го велат дека коронавирусот ги погодува само постарите и послабите. Сигурно е тоа дека постар маж со тешко воспаление на белите дробови какво што имав јас сега не би бил тука да зборува за тоа, но тоа е единствената разлика. Јас имав ментална и физичка сила да се борам против него“, рекол Росо.

Росо првата недела во болница имал респиратор и катетер и не можел да стане од кревет. Кога состојбата му се стабилизирала, го прашале дали сака да проба експериментален лек тоцилизумаб, кој се користи за лечење артритис.

Состојбата му се подобрила за 60 до 70% неколку дена по земањето на лекот.

Сега не сум веќе во опасност и сум во фаза на оздравување“, рекол Росо кој на сите им препорачува да не излегуваат од дома.

„Јас сум спортски тип и слушнав дека Роберт Левандовски и неговата сопруга донирале милион евра. Тоа е прекрасен гест, но сега не се парите тие што прават разлика, туку тоа сите да останат дома и да ја почитуваат социјалната дистанца, бидејќи вирусот се шири преку заразени луѓе кои се’ уште не ни знаат дека се заразени.“

Таа има 90 години и е жив доказ дека може да се победи коронавирусот: За излекување, една работа е особено важна!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.