Новата студија открива дека коронакризата имала позначајно влијание врз менталното здравје на жените отколку мажите

Фото: Unsplash

Значително, повеќе жени отколку мажи се соочуваат со проблеми со менталното здравје кои се развиле како резултат на пандемијата на коронавирусот, бидејќи сметаат дека е потешко да се толерираат мерките за изолација воведени за борба против вирусот Ковид-19.

Истражувачите од Институтот за социјални и економски истражувања од Универзитетот во Есекс, Лиса Спантиг и Бен Етериџ, врз основа на истражување, заклучиле дека на жените им е потешко да ја издржат социјалната изолација воведена како дел од карантинските мерки, отколку на мажите. Нивната студија открила дека бројот на луѓе со најмалку едно сериозно ментално нарушување по карантинските мерки се зголемил меѓу двата пола.

Кај мажите, процентот на оние со еден потежок ментален проблем се искачи од 7 проценти на 18 проценти, а кај жените од 11 на 27%. Студиите спроведени во Соединетите американски држави и Велика Британија за време на карантинот укажуваат на пад на чувството за благосостојба и кај мажите и кај жените.

Економските фактори беа наведени како главни причини зошто повеќе жените отколку мажите одговориле дека нивното ментално здравје е под влијание на пандемијата.

„Но, истражувањето покажа дека жените го „извлекоа краткиот крај на сламката“ во различни области. На пример, тие ги загубија своите работни места во неколку случаи“, рече Етериџ.

Меѓу другите фактори кои го намалуваат чувството на благосостојба кај жените е недостатокот на време за физичка активност, но и фактот дека жените имаа повеќе работа да се грижат за децата и дека се зголеми обемот и интензитетот на домашните работи. Но, Етериџ истакнува дека најновите истражувања покажуваат дека женската популација е најтешко погодена од недостигот на социјални односи.

Прочитајте и: „Коронавирусот нема да исчезне, два фактори допринесуваат да се заразите“ – Нови застрашувачки сознанија

„Жените обично имаат поблиски пријатели и пријателки. До неодамна, забраната за гледање блиски надвор од нечие домаќинство кај жените резултираше во намалување на чувството за ментална благосостојба“, рече Етериџ.

Повеќе од една третина од учесниците во студијата, или околу 34 проценти, изјавиле дека повремено се чувствуваат осаменост за време на карантинот, а 11 проценти рекле дека честопати се чувствуваат осамени. Меѓу мажите, 23 проценти од нив одговориле на истото прашање дека повремено се чувствуваат осамено, а само шест проценти рекле дека честопати се чувствуваат осамени.

Истражувањето се заснова на комуникација преку Интернет со луѓе кои учествуваа во една студија спроведена во британски домаќинства, а нејзината цел беше да им овозможи на научниците да ја следат менталната состојба на Британците за време на карантинот. Резултатите од истражувањето за тоа како луѓето се борат со изолација за време на пандемија на коронавирусот се „зајакнати“ со податоци од веб-страниците. Резултатите од анализата на Google Trends открија дека бројот на пребарувања за изрази како „осаменост“, „загриженост“ и „тага“ е зголемен во многу земји низ целиот свет.

Етериџ исто така рече дека последиците од „кризата со корона“, во просек, имаат најголемо влијание врз менталното здравје на младите жени под 30-годишна возраст и дека мажите на возраст меѓу 50 и 69 години се најмалку погодени од изолацијата и карантинот.

 

ФОТО: Unsplash

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.