СТОП! Нездрави навики што ги промовираат познатите личности

Еве зошто не треба да го следите нивниот пример

Мислите дека детокс-чаевите или избегнувањето одредени групи намирници е добро за вашиот организам? Пред да прифатите некој од новите нутритивни трендови што ги промовираат холивудските ѕвезди и влијателните инстаграм-блогери, размислете добро

ТОМ БРЕЈДИ И ЖИЗЕЛ БУНДШЕН не јадат компир и домат

Том Брејди и Жизел Бундшен не јадат месо, не пијат алкохол, ниту кафе, и не јадат зеленчук од родот Solanaceae, во кој спаѓаат компир, домат, пиперка, модар патлиџан… Експертите тврдат дека тоа е голема грешка, затоа што овој зеленчук изобилува со хранливи материи неопходни за нашиот организам.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Beyoncé (@beyonce) on

БИЈОНСЕ е „навлечена“ на диетата Master Cleanse со лимонада

Ѕвездата е воодушевена од диетата со лимонада Master Cleanse, во која оброците се заменуваат со напивка од лимонов сок, вода, јаворов сируп и црн пипер. Но ни ова „прочистување“ не функционира. Со ваквата „исхрана“ ќе го загрозите метаболизмот поради недоволно внесување калории.

КАЈЛИ ЏЕНЕР И КАРДАШИЈАНКИТЕ се колнат во чајот за слабеење

Ако ви звучи премногу добро за да биде вистинито, во право сте. Да се пие чај за слабеење неколкупати во денот за да се загуби вишокот калории звучи едноставно, но лаксативните диети не се одржливи. Детоксикацијата на организмот е природен процес што го вршат бубрезите и црниот дроб, па она што го јадеме или го пиеме не може да го забрза тој процес, тврдат експертите.

 

МИРАНДА КЕР јаде само „чиста храна“

Чистата храна во теорија звучи одлично: да ги исфрлите сите преработени намирници и да јадете само свежо овошје, зеленчук, житарки и посно месо. Но постои „финта“ што му наштетува на здравјето. Многумина што почнуваат да јадат „чисто“, глорифицираат одредена храна (органска, локална), демонизирајќи ги сите преостанати намирници како „лоши“, а таквиот начин на размислување му штети на нашиот однос кон храната.

 

 

View this post on Instagram

 

😋✨🌸

A post shared by Miranda (@mirandakerr) on

ХАРИ СТАЈЛС пие кафе bulletproof секое утро

Ова кафе го популаризираа приврзаниците на палео и на кето-диетата, кои потенцираат консумирање поголеми количества протеини и масти, а намалено количество јаглехидрати. Иако никој не оспорува дека ова кафе е многу вкусно и дефинитивно поздраво  од кафето со шлаг, дали со додавање кокосово масло и путер во утринското кафе навистина ќе го поттикнеме телото да согорува калории? Се разбира, нема докази што ќе ги потврдат двете теории, а опасно може да биде доколку ова кафе ни го замени појадокот, бидејќи не ги содржи сите потребни хранливи материи што би требало да ги внесеме за почеток на денот.

ФОТО: INSTAGRAM, TWITTER

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.