Семки од овошје: Дали е поедноставно да се плукнат или е покорисно да се проголтаат?

Семките од грозјето, лубеницата и јаболката се корисни само ако се изџвакаат

Руските лекари советуваат да не ги фрлате семките од лимонот, бидејќи се богати со аналгетска салицилна киселина (лек против болка). Не попусто во минатото против главоболка луѓето џвакале пет-шест семки од лимон.

Повеќето семки од овошјето не носат сериозна опасност по здравјето, а тоа дека предизвикуваат воспаление на слепото црево е чист мит, кој нема врска со вистината. Но, како што велат мудрите луѓе: сѐ е отров и сѐ е лек – и едното и другото ги одредува дозата.

Не е секогаш пријатно да се крцкаат семките од грозјето, но нивната горчлива нота зборува за тоа дека се полни со флавоноиди. Тие ја забрзуваат синтезата на протеинот колаген – основа на сите сврзувачки ткива во кожата, коските, ’рскавиците и зглобовите. Овие семки исто така содржат антиоксиданти, кои ги исфрлаат плакот и токсините од организмот, а имаат и антиканцерогено дејство. Семките од грозјето би требало внимателно да се изџвакаат, инаку нема да се сварат во гастроинтестиналниот тракт. Истиот совет важи и за семките од лубеницата.

Семките од јаболката и од крушите содржат многу биолошки активни супстанции (јод, калиум). Во составот на семките од јаболката постои реткиот но важен витамин Б17 (летрил). Тој го спречува ширењето на клетките на ракот и го намалува заморувањето на организмот.

Значи, доколку овошјето сте го јаделе сосе семките, продолжете да правите така. А ако не сте го јаделе така и не сакате баш многу, нема да изгубите ништо.

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.