Со оваа диета ќе намалите до 9 килограми за 2 недели: Лесна е и без гладување!

База во исхраната се јајцата

Диета со јајца

Диетата со јајца е еден од таканаречените методи за слабеење со малку јаглехидрати и треба да ни помогне да изгубиме тежина. Тоа значи дека се апсорбираат многу протеини, а јаглехидратите генерално се избегнуваат. Кога сме на диета со јајца треба да консумираме до 35 јајца неделно, значи до пет дневно.

Бидејќи телото повеќе не треба да согорува јаглехидрати, се враќа во сопствените резерви на маснотии.

Позитивен несакан ефект: Протеините гарантираат дека мускулната маса не се распаѓа.

Диетата со јајца ја применувала поранешната премиерка на Обединетото Кралство, Маргарет Тачер, позната и како челичната дама. Тогаш целта ѝ била да ја достигне посакуваната тежина пред да победи на изборите. Велат дека благодарение на диетата со јајца успеала да изгуби 9 килограми за две недели.

Каков ефект има врз телото?

Јајцата со години имаат лоша репутација – и тоа е погрешно – поради нивното високо ниво на холестерол. Имено, холестеролот содржан во јајцето речиси и да не влијае на вредностите на холестеролот во крвта.

Тие се дури и здрави, бидејќи освен протеини содржат и други добри состојки. Меѓу другото, витамините Д, Б12 и К, биотин, минерали во форма на железо и селен. Покрај тоа, јајцата содржат висок процент на незаситени масни киселини, кои се сметаат за особено здрави.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by British Lion Eggs (@egg_recipes)

Мени

Појадок: Кајгана од две јајца и парчиња домат. Чаша сок од цитрусно овошје (грејфрут или портокал) и шолја чај или кафе.

Ручек: мало филе пилешки гради и салата од домати, пиперки, краставици и маслинки. За десерт грејпфрут. Покрај тоа,може да пиете свеж сок од јаболко.

Вечера: две јајца (варени), со малку свежо сирење и шолја чај.

Лошите страни на оваа диета

Јајцата се здрави, но секогаш треба да бидете внимателни. Количината на протеини препорачана од Германското здружение за исхрана (DGE) е 0,8 грама на килограм телесна тежина дневно за возрасни.

За жена од 60 килограми, тоа би било 48 грама протеини (3 јајца на ден).

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.