ВАКА се однесуваат хороскопските знаци кога сакаат да ја раскинат врската!

Која е тактиката на вашиот партнер?

Овен

Овните почнуваат да се оддалечуваат од партнерот доколку планираат да ѝ стават крај на врската. Не му враќаат веднаш на пораките, игнорираат ако партнерот им ѕвони на телефон, престануваат да прават заеднички планови…

Бик

Штом ќе сфатат дека сакаат да му раскинат на партнерот, Биковите покажуваат променливо расположение. Почнуваат да се жалат и за најмалите пропусти на партнерот и неретко почнуваат караница за секоја ситница.

Близнаци

Откако ќе се „изладат“ нивните чувства кон партнерот и почнуваат да размислуваат за раскинување, Близнаците почнуваат да го игнорираат. Не покажуваат никаков интерес за партнерот и најпрво почнуваат да го одбиваат за секс, а потоа престануваат и да зборуваат со него.

Рак

Ако Раковите престанат да споделуваат детали од нивниот ден со партнерот, тогаш сигурно размислуваат да ѝ стават крај на врската. Во овие мигови, ги избегнуваат долгите разговори со партнерот по секоја цена, а на неговите прашања одговараат само со збор-два.

Лав

Лавовите, едноставно, престануваат да се грижат за партнерот и врската штом размислуваат за раскинување. Повеќе не ги интересира дали партнерот направил некоја грешка и не ги ни забележуваат постапките на партнерот бидејќи не им е грижа.

Девица

Спротивно од Лавовите, пред раскинување Девиците почнуваат да се фокусираат на сите недостатоци на партнерот. Почнуваат караници за навистина неважни работи и, на некој начин пробуваат да го натераат партнерот тој да стави крај на врската, а не тие.

Терезија

Кога Терезиите ќе престанат да ја покажуваат љубовта кон партнерот, тоа е првиот знак дека размислуваат за раскинување. Повеќе не трошат време на слатки зборови и воопшто не се трудат да му го разубават денот на партнерот.

Скорпија

Додека Скорпиите можеби нема да го променат однесувањето кон партнерот пред раскинувањето, голем дел од времето минуваат во размислување. Се прашуваат зошто врската не може да опстои и неретко плачат поради тоа, без разлика што одлуката за раскинување е нивна.

Стрелец

Штом почнат да размислуваат за раскинување, Стрелците почнуваат да ја споредуваат нивната врска. Прават споредби со љубовните врски на пријателите, колегите, па и луѓе кои не ги ни познаваат добро, сè со цел да воочат што е можно повеќе недостатоци во нивната врска кои ќе им ја оправдаат одлуката за раскинување.

Јарец

За разлика од повеќето хороскопски знаци, Јарците се многу директни. Па, ако сметаат дека врската е осудена на пропаст, не трошат време на игри и манипулации. Наместо тоа, отворено му кажуваат на партнерот дека сметаат дека врската нема да потрае уште долго.

Водолија

Кога ќе им стане јасно дека сакаат да му раскинат на партнерот, Водолиите настојуваат да се затворат. Повеќе не споделуваат ништо со партнерот и целосно го исклучуваат од нивните мисли.

Риби

Кога Рибите сакаат да му раскинат на партнерот можеби нема да му го кажат тоа директно, но целосно престануваат да мислат за заедничката иднина. Всушност, не се ни надеваат дека врската можеби ќе опстане и престануваат да прават планови за иднината.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.