Проверете зошто ова е најпопуларната диета моментално: Симнува и до 5 килограми за 12 дена!

Ефикасно

Ослободете се од вишокот килограми за кратко време

Оваа хит-диета е најпопуларна моментално. Основното правило е вообичаениот појадок да го замените со кашест сок од банана.

Другите оброци би требало да бидат полесни. По појадокот, изедете уште 2 оброка и 2 ужини. Одбегнувајте го благото и алкохолот. Не постојат други посебни правила. Јадете нормално ручек и вечера, но немојте да се прејадувате.

Оваа диета се држи 12 дена. Последниот оброк изедете го околу 20 часот, иако идеално би било да не јадете по 18 часот. Ако почувствувате глад по препорачаното време, изедете некој зеленчук или испијте чаша јогурт.

Бананите се многу корисни и за здравјето. Еве како дејствуваат на организмот:

Богати се со влакна, јаглехидрати, но можеби најпознати се како богат извор на калиум и магнезиум. Во нив има витамини А, Ц, Б6, биотин, железо, бакар.

Сето ова ги прави одлични за здравјето, а пред сѐ за:

Здравјето на срцето и крвните садови. Бананите се богати со калиум, а немаат натриум. Вишокот натриум влијае лошо врз крвните садови и предизвикува висок крвен притисок, а присуството на калиум во бананите ја неутрализира оваа состојба.

Доброто расположение. Бананите се богати со триптофан, кој поттикнува лачење на серотонин во телото, а со самото тоа се подобрува и расположението.

Варењето. Со оглед на тоа што се богати со влакна, бананите го подобруваат варењето, ја регулираат работата на цревата и ги отстрануваат сите дигестивни проблеми.

За кашест сок ќе ви требаат:
  • 2 лажички ленено семе
  • 150 г боровинки
  • 1 банана
  • 1 лажиче рендан ѓумбир
  • грст спанаќ
  • вода

Ставете ги сите состојки во блендер и добро измешајте. Овој брз и едноставен кашест сок е богат со влакна, протеини и хранливи состојки, па ќе го покрене метаболизмот и ќе ви помогне да ги симнете вишокот килограми.

Свежо овошје и зеленчук се основата на бразилска диета која ветува безбедно слабеење
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.