Свежо овошје и зеленчук се основата на бразилска диета која ветува безбедно слабеење

Кај бразилската диета, разумната контрола на порциите е важна. Протеините и јаглехидратите што ги ставате на чинијата не треба да бидат поголеми од затворената дланка на едната рака. Покрај тоа, прилозите како овошје и зеленчук не се бројат.

Бразилската диета е ниско калорична, но многу хранлива. Авторите на оваа диета препорачуваат јадење здрава и необработена храна и паметно јадење во текот на денот со контролирање на порциите. Исто така, принципот на бразилската диета е да се овозможи брзо губење на тежината во период од еден месец.

Бразилската кујна е комбинација на традиција и ново пристигнати јадења од европски и американски рецепти. Бразил е богат со свежо овошје и зеленчук и има долга историја на риболов. Бразилската диета го комбинира токму тоа, свежа и необработена храна и квалитетни свежи состојки.

Главните принципи на бразилската диета се:

  • јадете 5 пати на ден, но во умерени количини,
  • бидете свесни за калориите, но не ги сметајте опсесивно,
  • укинете ја целата преработена и конзервирана храна,
  • не пијте алкохол
  • не пијте слатки и газирани пијалаци,
  • разберете ја разликата помеѓу вистинскиот глад и желбата за храна,
  • пијте многу вода, најмалку 6 чаши на ден,
  • јадете свежо овошје и зеленчук,
  • не јадете 12 часа помеѓу последниот оброк пред спиење и појадокот.

Прочитајте и: Овие знаци може да укажуваат на нетолеранција на глутен

 

ФОТО: Pexels

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.