Не го видела татко си осум години, а мајка ѝ секој момент го поминува со новиот дечко: Дали Сури Круз (14) е препуштена сама на себе?

Ќерката на Том Круз и Кејти Холмс

Иако има одличен однос со мајка ѝ, во последно време Кејти сѐ почесто може да се види во друштво на осум години помладиот дечко, а Сури сѐ почесто е сама

„Јадна Сури, мајка ѝ се забавува со новиот дечко, а татко ѝ со години ја нема видено. Јасно е дека последниве месеци сѐ почесто е сама“, ова биле коментарите за најновите фотографии на 14-годишната Сури Круз.

Ќерката на актерите Том Круз и Кејти Холмс била фотографирана пред неколку дена потполно сама, односно како шета низ улиците на Њујорк со домашните миленици.

Иако со мајка ѝ има одличен однос, во последно време, 41-годишната Кејти сѐ почесто може да се види во друштво на осум години помладиот дечко, готвачот Емилио Витоло, а Сури сѐ почесто е сама.

Својот татко, 58-годишниот Том Круз, не го видела осум години, а според неодамнешни написи на странски портали, се чини дека актерот конечно е подготвен за повторна средба.

Наводно, тоа го одложувал поради забраната на сајентолошката црква.

Упатени извори тврдат дека ако по разводот детето се воспитува според друга вера, родителот сајентолог не смее повеќе да има контакт со него.

Том Круз никогаш не се борел за старателство над ќерката: Еве зошто кренал раце од Сури!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.