Производ што секој ден го јадеме, а го забрзува процесот на стареење: Брчките се појавуваат токму поради НЕГО!

Научно докажано

Намирниците што секојдневно ги консумираме во голема мера можат да придонесат за појава на брчки и да го забрзаат процесот на стареење

Појавата на брчки на лицето претставува еден од најголемите проблеми со кои се среќаваат жените. Често ги поврзуваме со стареењето, но исхраната и начинот на живот исто така можат да придонесат за процесот на создавање брчки.

Постојат многу намирници што секојдневно ги консумирате, а кои можат да влијаат врз појавата на брчките, како и врз самиот квалитет на кожата и организмот. Еден од потенцијалните непријатели на нашата кожа и организам може да биде шеќерот. Познато е дека шеќерот предизвикува дебелеење, но може да игра важна улога и во процесот на стареење на кожата.

Шеќерот, заедно со други намирници кои се богати со јаглехидрати, може да влијае врз појавата на воспаленија на кожата, како и врз процесот што се вика гликација. Тој создава молекули што се врзуваат за колагенот и еластинот, а кои почнуваат да слабеат.

Познато е дека белиот леб, тестенините и разните печива содржат јаглехидрати и шеќери, па би требало да се консумираат во умерени количини.

Доколку сакате да го забавите процесот на стареење, би требало да го исфрлите шеќерот од исхраната, во секоја смисла на зборот, се наведува во извештајот на Фредерик Брант, еден од најпознатите дерматолози во САД.

Овие шест намирници можат да го забрзаат процесот на стареење: Намалете ги на минимум
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.