ВИКЕНД ВО СВЕТОТ НА ТАНЦОВИОТ АРИСТОКРАТСКИ СПОРТ И ГЛАМУР

Викендот на  19 и 20-ти Ноември 2022 година, по традиционален четиринаесетти пат, во големата сала на спортскиот центар „Јане Сандански“, ќе се одржат меѓународните Танцови Спортски Натпревари во рамките на брендот МАКЕДОНИЈА ОПЕН 2022.

Учество ќе земат стотици Танчери спортисти од висока натпреварувачка класа (Танцови Спортски Двојки, солисти и тимови)кои ќе бидат застапени од преку 20 држави учеснички.

Танцовите спортски натпревари се едни од највисоката класа во регионот, а организирани се според стандардите кои ги дефинира Светската Танцова Спортска Федерација (World DanceSport Federation – WDSF).

Настанот во рамките на дводневните натпревари ќе се одвива во дисциплините на Стандардни и  Латиноамерикански Спортски Танци (19. Ноември) и Модерни Спортски Танци (20. Ноември).

Во текот на натпреварувачките денови ќе се одржуваат квалификациските кола, а во саботата на 19 ти ноември со почеток во 19:30 часот, ќе се одржи Гала вечер со финалните натпревари на најдобрите во највисоките натпреварувачки класи и дисциплини.

Организатор на проектот е Здружението за спортски танци „Прима Данца“, а со поддршка и покровителство на Агенцијата за Млади и Спорт, Македонскиот Олимписки Комитет и Танцовата Спортска Федерација на Македонија.

Околу 25 лиценцирани судии од повеќе од 15 држави ќе бидат распоредени во судиските панели и жирија. Според правилата и стандардите на WDSF, тие ќе ги судат натпреварите соодветно на возраста, класата и натпреварувачката дисциплина. Главен судија на натпреварите во дисциплините на Стандардни и Латиноамерикански Спортски Танци ќе биде д-р. Влатко Павлески, Претседател на Прима Данца и Претседател на ТСФМ, а на натпреварите во дисциплините на Модерните Спортски Танци ќе биде м-р. Жаклина Ковачевиќ Божилова, Генерален секретар на ТСФМ. Тие се воедно и проект менаџерите на овој настан.

Гала вечерта, покрај публиката, ќе биде почестена и со присуство на VIP гости кои на овој аристократски спорт ќе му дадат посебен акцент исполнет со вистинска атракција и гламур.

Не пропуштајте да бидете дел од светот на Танцовиот Спорт кој ќе биде вистински празник за Вашите очи.

Влезници по цена од 200 денари се пуштени во onlineпродажба на следниот линк:

ВИКЕНД ВО СВЕТОТ НА ТАНЦОВИОТ АРИСТОКРАТСКИ СПОРТ И ГЛАМУР – MKTickets : MKTickets

Во деновите на танцовиот спортски викенд влезници ќе можат да се купат и на благајната на спортскиот центар „Јане Сандански“.

Коментарите се заклучени.