Пет основни правила за совршен почеток на денот

На сите веќе им е јасно дека појадокот е најважниот оброк во денот и затоа ве потсетуваме на основните правила што треба да се следат кога станува збор за оброкот со кој го започнувате секој ден.

Внесете најмалку 8 грама влакна

Влакната ќе ве одржат сити подолго, така што нема да посегнувате по закуски до ручекот.

Појадувајте веднаш по будењето

Користете го потенцијалот на телото да согорувате маснотии и јадете најдоцна еден час по будењето. На овој начин го стимулирате метаболизмот и избегнувате подоцнежни напади на глад.

Повеќе протеини, помалку шеќер

Слатката храна може да изгледа примамливо и идеално за прв оброк, но тоа не е најдобриот избор. Овој вид храна има повеќе калории и ви дава помалку енергија, затоа јадете храна богата со протеини, како што се јајца и пецива од цели зрна.

Грижете се за големината на порцијата

Појадокот треба да биде доволно обилен за да ве засити, но не треба да се претерува. Во принцип, не треба да внесувате повеќе од 350 калории.

Никогаш не прескокнувајте појадок

Прескокнувањето оброци не е добро решение ако сакате да изгубите тежина. Квалитетен појадок ќе ве засити, така што ќе внесете помалку калории во текот на денот.

Прочитајте и: Диетата на доктор Орниш со години е најпопуларна во светот: Доведете ја линијата до совршенство со помош на едноставни правила!

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.