8 женски навики што ќе го натераат мажот да ја изневери сопругата!

Верувале или не

Истражувањето е направено врз основа на изјава од 8.000 мажи кои изневерувале

Зошто мажите изневеруваат?

Ова често поставувано прашање нема едноставен одговор. Но во едно нешто можете да бидете сигурни: ако некој изневерува, тогаш постои валидна причина за тоа.

Причината може да биде недостиг на страст и љубов во бракот. Можеби човекот нашол друг предмет на интерес? Можеби не е задоволен од самиот себеси и од својот брак?

Викторија Милан, уредничка на една популарна веб-страница за запознавање почнала да ги проучува мажите кои изневеруваат. Успеала да спроведе масовно истражување меѓу 8.210 мажи кои редовно ја посетувале нејзината страница за запознавање. Сите тие доаѓаат од различни земји, како што се САД, Велика Британија, Шпанија, Франција, Италија, Канада, Полска и други.

Викторија ја интересирало само едно прашање: што точно ги наведува овие луѓе на неверство. И еве што заклучила…

1. Чести промени на расположението кај сопругата

Многу жени во текот на врската често се преправаат дека сѐ е одлично, често глумат среќа. Меѓутоа, вистината е далеку од тоа. Партнерот треба на време да ги запознае сите ваши емоции. Дури во текот на бракот сопружниците можат да ја видат вистинската личност на партнерот. Според истражувањето, 97% од мажите рекле дека промените на расположението кај сопругата страшно ги нервираат.

2. Љубомора

Истражувањето било спроведено меѓу мажи кои повеќе пати ја изневериле сопругата. Па затоа, не е ни чудно што партнерките им покажувале знаци на љубомора и сомнеж. Но 96% од испитаните мажи рекле дека таквото однесување не им се допаѓа. Чудно, но љубомората е таа што ги тера мажите на неверство.

3. Разговор за сексуалниот живот со пријателите

93% од мажите тврдат дека не сакаат нивните сопруги да разговараат за секс со пријателите, особено не со заедничките пријатели.

4. Нервоза и вознемиреност кај жените

Кога станува збор за сериозна врска или за брак, влогот е поголем, па со самото тоа поголем е и степенот на нервоза. Мажите не го поднесуваат тоа. Дури 90% од мажите се изјасниле дека не сакаат кога сопругата се вознемирува поради ситници. Тоа никогаш не го доживуваат кај љубовницата, но таа и нема што да изгуби, нели?

5. „Таа не знае што сака“

Жената сака мажот да ја опсипува со внимание, да ѝ помага околу домашните обврски и да се грижи за децата. Жената исто така никогаш нема да му го каже тоа на својот маж, бидејќи очекува тој да го знае тоа. Но мажите очигледно не го знаат. Љубовницата го нема сето време на светот и нема да го губи она малку време што го има со оженетиот маж, па затоа јасно ќе му стави до знаење што очекува од него.

6. Одбегнување секс

88% од мажите наведуваат дека искрено ги нервира недостигот на желба и волја за секс од страна на нивните сопруги. Иако е сосема нормално да исчезне страста со текот на времето, мажите не можат да им го простат ова на сопругите. За жал, кај повеќето од нас страста се буди дури откако ќе се појави нов партнер. Мажите честопати имаат повисоко ниво на сексуална желба од жените и затоа имаат тенденција да ја „одржуваат искрата“ во туѓа постела.

7. Потреба постојано да им се докажува дека се убави

87% од мажите не се подготвени постојано да им ставаат до знаење на жените дека се згодни и убави. Тоа едноставно ги нервира.

8. Премногу прашања

65% од мажите едноставно мразат кога жената ги испитува за разни работи откако ќе се вратат од работа. Тоа е разбирливо со оглед на тоа што тие се оние кои имаат тајна.

Треба ли да се прости неверство и дали може да опстане врската на далечина? Ги решаваме најголемите љубовни дилеми!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.