Диетата на доктор Орниш со години е најпопуларна во светот: Доведете ја линијата до совршенство со помош на едноставни правила!

Слабеење

Лесно до фит-фигура

По сите празници за кои уживавме во големата количина на храна, време е да почнеме со диета и да ја доведеме линијата до совршенство.

Имаме голем број диети на располагање, но секако, најдобро е да се слабее на здрав начин и постепено. Оваа диета е креирана од страна на доктор Орниш и претставува здрав начин на симнување килограми. Според луѓето што ги испробале принципите на оваа диета, лесно ќе се ослободите од сите масни наслаги.

Освен што ќе се одрази на изгледот, овој начин на исхрана поволно влијае и врз здравјето на срцето.

Принципи на диетата на доктор Орниш

Потребно е исхраната во текот на денот да се состои од 70% протеини, 20% јаглехидрати и 10% масти. Не треба да се бројат калории, со самото намалување на внесените масти, ќе се покрене процес на разградба на масните наслаги.

Придржувајте се до овие правила:
  • Јадете ги сите видови на мешунки, овошје, житарки и зеленчук, кои брзо ќе ве заситат.
  • Користете млечни производи со минимален процент на маснотии или користете соодветни замени. Вкупно 10% од калориите во вашата исхрана треба да доаѓаат од мастите.
  • Одбегнувајте месо, како црвено, така и бело, масла и сите производи што го содржат, вклучувајќи и авокадо, јаткасти плодови, полномасни млечни производи и шеќер.
  • Извор на протеини најдете во морските плодови.
  • Ослободете се од лошите навики, како што е пушењето и намалете ја консумацијата на алкохол.
  • Јадете помали оброци, но почесто, и на тој начин нема да огладнете.
  • Покрај ваквата исхрана, се препорачува и воведување физички активности. Најдобро би било да вежбате 3 пати неделно.
Пример за мени:

Појадок: Овесни снегулки со немасен јогурт и сок од портокал.

Ручек: Печен компир полнет со немасно свежо сирење, спанаќ и брокули или компир салата со диетален прелив и свежа зелена салата.

Вечера: Салата, тестенини од интегрално брашно и овошка за десерт.

Напомена: Не се препорачува оваа диета да се држи подолг временски период поради малиот удел на масти што се внесуваат во организмот. Пред започнување со која било диета, консултирајте се со лекар.

Диета со кефир во која руските жени се колнат: Благодарение на овој план за исхрана, тие се толку слаби!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.