Овој производ е причина за 90% од болестите: Не е здрав, никому не му е потребен, а го користиме на големо!

Уште веднаш сведете го на минимум

Го има насекаде, во речиси сите производи, а е еден од најштетните по нашето здравје

Резултатот од огромната употреба на шеќерот е комерцијална добивка за поединци, а глобална криза за јавното здравје за најголемиот дел од популацијата, која речиси незабележливо се создава со векови наназад.

Според последните податоци, насадите на шеќерна трска се третата најчеста култура на светот по житарките и оризот, кои заземаат речиси 27 милиони хектари во земјите ширум светот.

Епидемијата на вишок килограми со придружните болести, како што се дијабетес, кардиоваскуларни болести, деменција, па и некои видови карцином, се рашири во нациите каде што прехранбената индустрија е фокусирана на повеќекратно преработени производи, каде основниот извор на јаглехидрати се простите шеќери.

Па, да видиме на кој начин шеќерот се вовлече во сите пори на нашиот живот.

Хемиски рафинираниот шеќер првпат се појавил во Индија пред околу 2500 години. Оттука се раширил во Кина, потоа западно кон Персија и во првите арапски земји, додека конечно стигнал на Медитеранот во 13 век. Постојат уште важни центри за производство на шеќер. Во текот на Средниот Век, шеќерот се сметал за редок и многу скап зачин.

Иако шеќерот се користи од дамнешни времиња, масовното производство довело до масовно користење на шеќерот во исхраната, а потоа се појавиле и здравствените проблеми. Влијанието на шеќерните компании е посилно од фабриките за алкохол и тутун. Шеќерот во модерната исхрана зазема 20% од дневниот калориски внес. Се смета за сеприсутен, бидејќи е клучен за светската економија и културното наследство.

Додека водечките луѓе во светот не си постават заедничка цел, а тоа е здравјето на човекот, обидете се сами да му одолеете на неконтролираното внесување шеќер. Одбирајте намирници кои се најблиску до својот изворен облик и намалете ја количината на шеќерот во рецептите.

Кога ќе се осврнеме на историјата на добивање шеќер, мора да признаеме дека вкусот на шеќерот е горчлив.

Колку шеќер смееме да внесеме дневно?
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.