Моќна мешавина: Се прави од само 2 состојки, а за рекордно време ја елиминира желбата за благо!

Пробајте

Секое утро јадете по две лажици од оваа смеса, пијте чаша топла вода и желбата за благо ќе исчезне

Премногу честото консумирање слатки неминовно доведува до качување килограми. Желбата за шеќер понекогаш навистина е тешко да се контролира, но со помош на мешавината од овие 2 состојки, и тоа е возможно.

За приготвување ќе ви требаат 100 г ленено семе и 10 г каранфилче.

Сето тоа заедно иситнете го во прав, во мелница за кафе или купете ги сомелени во продавница за здрава храна.

Секој ден земајте по 2 рамни супени лажици, во период од три дена. Правот можете да го додадете во готвена храна, во јогурт или кефир и потоа треба да испиете чаша топла вода (најдобро во утринските часови).

По тридневно земање од оваа смеса, направете пауза од 3 дена. Потоа, повторете го истото од почеток.

Оваа смеса треба да ја консумирате еден месец. Еве и зошто:

Ленот е богат со влакна, а сиромашен со јаглехидрати. Тоа веројатно е најголемата погодност што ја има лененото семе. Влакната што ги содржи се слузести и се раствораат во вода, а со самото тоа и несварени се движат низ дигестивниот систем. Кога ќе се изеде, лененото семе долго се задржува во цревата и така ја спречува брзата разградба, што доведува до зголемена апсорпција на состојките и подолго чувство на ситост, но и намалена потреба за шеќер.

Каранфилчето ја намалува подуеноста и е моќен антиоксиданс, а воедно го одржува нивото на шеќер во крвта под контрола.

Пиела мешавина од вода и овој зачин секое утро: Ослабела 5 килограми за еден месец и го регулирала холестеролот!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.