Како да останете хидрирани во текот на летото?

Бидејќи советот „да пиете повеќе вода“ брзо се досадува!

Секоја сезона се прашуваме истото: како да останеме хидрирани во текот на летото?

Температурите растат, а со нив, повеќе се потиме. Затоа експертите советуваат да пиеме повеќе течности во текот на летните месеци. За жал, ова е многу полесно да се каже отколку да се направи. Се случува да ни здосади да пиеме литри и литри вода на ден или едноставно да заборавиме на тоа.

Подолу ви откриваме како да останете хидрирани во текот на летото.

Лето и хидратација

Пијте безалкохолно пиво

Алкохолот е познат како диуретик, што значи дека влијае на дехидрација. Затоа експертите советуваат кога веќе бирате помеѓу вода и пиво, одберете го она без алкохол. Имено, истражувањата покажаа дека безалкохолното пиво има ефект врз зголемување на хидратацијата бидејќи нема состојки кои делуваат како диуретик. Покрај тоа, овој пијалак содржи и електролити.

Се разбира, секогаш е подобро да се избере вода.

Додадете електролити

Електролитите му помагаат на телото да апсорбира вода. Природни извори на електролити се калциум, магнезиум, калиум и фосфор, затоа изберете храна богата со овие минерали (сол, банани, авокадо, јаткасти плодови, зелен лиснат зеленчук, агруми…)

„Зачинете ја“ водата

Проблемот за тоа како да останете хидрирани во текот на летото, исто така, може да се реши со додавање на лимон, портокал или бобинки во обична вода. Можете исто така да замрзнете билки како што се босилек или нане со коцки мраз.

Утринска хидратација

По будењето, пред појадокот и првото кафе, испијте чаша вода на собна температура. На тој начин ќе го разбудите телото.

Храна богата со вода

Изберете хидрантна храна како краставици, тиквички, дињи, лубеници и јаболка. Покрај хидратацијата, на организмот ќе му обезбедите многу потребни витамини и минерали.

Прочитајте и: Предности на виолетова храна

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.