Диета со варени јајца: Топи до 1.000 калории, а ќе пукате од енергија! (МЕНИ)

Дознајте повеќе

За брзо слабеење, постојат исклучително ефикасни, но понекогаш и многу опасни идеи кои ќе ви овозможат да забележите промени на вашето тело и да ги симнете вишокот килограми за многу кратко време

Станува збор за екстремно нискокалорични диети, кои се многу рестриктивни и тешко дека секому ќе му одговараат, но дефинитивно не се долгорочно решение и не придонесуваат за добро здравје.

Држејќи такви диети, го изложуваме организмот на глад, и тоа не само во смисла на дефицит на калории, туку и во смисла на недостиг од хранливи материи и витамини што му се потребни на нашето тело за основно функционирање. Со таквите диети, брзо ќе се ослободите од вишокот килограми, но штом почнете да се храните „нормално“, бидејќи нема да издржите долго на толку ригорозен режим на исхрана, сета изгубена тежина повторно ќе ви се врати, како јо-јо ефект.

Сепак, диетата со варени јајца, можеби е рестриктивна, но многу е ефикасна. Јајцата долго време се многу популарна храна, бидејќи заситуваат и се добар и богат извор на енергија и протеини. Истражувањата покажуваат дека појадокот базиран на јајца, не само што го спречува качувањето килограми, туку и помага тие да се стопат.

Диетата со јајца нема да ви ги ограничи хранливите материи, минерали и витамини, бидејќи јајцата се храна што е исклучително богата со протеини, ги содржи сите неопходни есенцијални киселини и аминокиселини. Тие се одличен извор на холин и масни киселини, богати се со калциум, магнезиум, железо, јод, цинк, бакар и витамини А, Е, Д и К.

Диета со варени јајца – од што се состои?

Диетата вклучува 6 варени јајца неделно, со прилог од варен зеленчук, немасно месо или бела риба готвена без масло. Станува збор за протеинска диета што содржи многу малку масти и јаглехидрати.

Уште едно правило на овој режим на исхрана е да пиете голема количина на вода и да консумирате многу агруми за да го забрзате излачувањето токсини. Дозволени се лимонади, незасладено кафе и чај, природни сокови, свежо овошје, двопек, многу зеленчук и немасно месо. За време на оваа диета забрането е консумирање шеќер, алкохол, скроб, млечни производи и масти.

Кои се ризиците?

Со диетата со јајца брзо ќе забележите дека ги губите вишокот килограми, а бидејќи предвидено е таквата диета да се држи краток временски период, односно само една недела, нема да влијае врз падот на имунитетот и енергијата. Сепак, не се препорачува држење на оваа диета во период подолг од седум дена, бидејќи не обезбедува урамнотежена исхрана на подолги стази.

Диетата со варени јајца може да предизвика и загуба до 1000 калории дневно, поради што резултатите многу брзо може да се воочат!

НАПОМЕНА: Оваа диета не им се препорачува на сите, особено не на лица со здравствени проблеми, како ни на трудници и доилки. И никако не би требало јајцата да бидат единствената храна што ќе ја јадете во текот на денот, бидејќи таквата исхрана може да биде многу опасна. Слушајте го вашето тело, не одете во крајности и консултирајте се со лекар пред какви било поголеми промени во исхраната.

Ги топи маснотиите како на шега, но и драстично го подобрува здравјето: Ова е најдобрата диета на светот!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.