Заводлива како Изабел Гулар: Ова се вежбите на најзгодната Бразилка на светот

Секогаш подготвена за бикини

Една од најпознатите манекенки во светот, ангелот на Викторија Сикрет, волшебната Бразилка Изабел Гулар, не е поддржувач на напорните вежби и режими на исхрана, дури и кога треба да учествува на модна ревија која бара да дефилира во костим за капење или кога слика едиторијал за Sports Illustrated.

Оваа убавица висока 178 сантиметри е природно предодредена за манекенство – нејзината вита извајана фигура ја краси уште од мала, но за да го одржи телото во топ-форма, вежба секој ден по еден час.

На нејзиниот инстаграм-профил можете да ги видите вежбите кои ги практикува – тоа е мешавина од јога, пилатес и тренинзи со тегови, често оди на часови по пливање и кик-бокс, но она што дефинитивно прави разлика, открива Изабел, е трчањето.

Трчањето ѝ помага да се чувствува посреќно, да има појасни мисли, повеќе енергија и да биде ментално посилна.

Бидејќи секојдневно се грижи за своето тело, кога се ближат ревиите, Изабел секогаш се чувствува удобно во своето тело и подготвена е за работа.

Кога е дома (а моментално снима во родниот Бразил и секој ден оди на плажа каде што ги мами воздишките на присутните), готви, а кога не е дома, нарачува готова храна од ресторан.

Утрото го почнува со сокови од овошје, зеленчук и протеини. Веќе истакнавме дека не држи диета, но исхраната ѝ е урамнотежена и во неа никогаш нема да има леб или производи од бело брашно.

Нејзиното мени главно се базира на протеини, јаглени хидрати и зеленчук.

Не се будам со помислата дека морам да изгледам убаво, туку се будам со идејата дека сакам да се чувствувам среќно. Сакам да влезам во просторијата и да ги насмеам сите присутни. Клучот е во самодовербата“, откри таа во една пригода.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.