Дали би се хранеле како легендарната Мерилин Монро?

Ова е нејзиниот режим на исхрана

Во 1960 година, за магазинот „Мери Клер“, лсавната актерка Мерилин Монро открила дека е голем гурман и дека сака да јаде, но дека мора да ги негува своите облини. Мерилин била првата жена која јавно прозборела за начинот на исхрана и режимот кој го користи, а по неа, многу познати жени почнале да откриваат како слабеат.

Мерилин Монро открила дека обожава да јаде месо и јајца. Наутро пиела чаша млеко во кое биле изматени две јајца, а понекогаш земала и витамини. Ручекот секогаш бил големо парче месо, а за вечера јагнешки котлет или џигер, со неколку моркови. Пред спиење, јадела сладолед.

Никогаш не јадела леб, ниту колачи. Поради протеинската храна, само со лесни вежби успевала да ја одржува фигурата, а сакала и јога. Секогаш претпочитала сама да готви, наместо да се храни во ресторани. Меѓу книгите од нејзината домашна библиотека се најдени и голем број рецепти на база на месо и јајца кои самата ги собирала и запишувала.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.