Кога најмладата милијардерка го слави роденденот на својата единица, тоа изгледа вака! (ФОТО + ВИДЕО)
Какво трошење пари. Се сомневам дека детето ќе се сеќава на забавата. Сè е за родителите“, „Навистина се надевам дека девојчето ќе порасне со малку смисла за реалноста“, „Постои одлична изрека – само затоа што можеш, не значи дека треба да направиш нешто. Вознемирувачко за сегашноста и иднината на детето“, „Ова ја носи нарцисоидноста на сосема ново ниво!“, се само дел од негативните коментари кои ги преплавија социјалните мрежи по повод роденденската забава на малата Сторми, ќерка на најмладата милијардерка на светот Кајли Џенер.
„Светот на Сторми“ е темата на декорациите, кои ги вклучуваа и ликовите од омилениот анимиран филм на двегодишното девојче„Тролови“.
На роденденската забава присуствуваа голем број познати личности, како што се: Хејли Бибер, Анастасија Караниколау, Карди Би, Роуз Бертрам, Малика, Ким Кардашијан и многу други.
На роденденот секако беше и таткото на малата Сторми, Тревис Скот, кој со својата поранешна девојка очигледно одлично функционира во одгледувањето на нивната ќерка, тие се навистина прекрасни родители кои среќата на својата ќерка ја ставаат на прво место“, велат нивните блиски.
View this post on Instagram