По три години пауза: Масимо Савиќ го покажа најдоброто од својата музика пред македонската публика!

Концерт за паметење

Публиката на цел глас ги пееше хитовите на еден од најквалитетните пејачи на Балканот

Вчера (03.2) еден од најквалитетните пејачи на Балканот и еден од омилените артисти на македонската публика,  одржа ексклузивен концерт во Скопје по три години пауза.

Во салата на Македонската филхармонија одекнуваа најголемите хитови на Масимо Савиќ, кој не се обидуваше да го скрие своето задоволство од тоа што повторно настапува во нашата престолнина.

„’Леб и сол’ се едни од најзаслужните за тоа што станав музичар“, призна Савиќ.

Публиката уживаше во најдоброто од музиката на Масимо Савиќ и на цел глас ги пееше стиховите од „Из једног погледа“, „Странац у ночи’, „Додирни ме случајно“, „Да могу“, „Сузе нам стале на пут“, „1000 људи“, „Кладим се на нас“….

Својот климакс концертот го доживеа кога бендот ги отсвири нотите на добро познатата „Замисли живот у ритму музике за плес“, кога буквално сите присутни се кренаа на нозе и го поздравија пејачот со громогласен аплауз.

Македонската публика ќе има можност и вечерва (04.2) да се потсети на сите песни што ја одбележаа 30-годишна музичка кариера на Масимо Савиќ, благодарение на Авалон продукција, кои стојат зад организацијата на овој незаборавен концерт.

ФОТО: ГОРАН ДЕСКОВСКИ

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.