Ако внимавате на внесот на јаглени хидрати, не претерувајте со овие 6 намирници

Една од важните работи при следење на здрава исхрана е броење калории, и правилно внесување на масти и јаглехидрати. Сепак, кога зборуваме за јаглехидрати, првото нешто што треба да знаеме е дека нивниот внес е индивидуална работа. Сите немаме ист организам и нивното редовно консумирање не влијае на сите исто. Сепак, пожелно е да се намали нивниот внес.

Бидејќи ние прво помислуваме на леб или тестенини, истражувавме која неочекувана храна содржи изненадувачки висок процент на јаглехидрати.

1. Манго. Само едно парче од ова слатко овошје содржи 50 гр јаглехидрати. Но, добро е да се знае дека содржи и дневна доза на витамин Ц.

2. Газирани пијалaци. Веќе знаеме дека овие пијалаци се полни со шеќер, но може да имаат и 39 грама јаглени хидрати!

3. Суво грозје. Една мала кутија има 34 грама јаглени хидрати.

4. Банани. Една голема банана е одличен извор на калиум, магнезиум и растителни влакна, но содржи и 34 грама јаглехидрати.

5. Киноа. Секогаш е подобра опција од обичен леб поради големата количина на растителни влакна и протеини, но исто така има и 39 грама јаглени хидрати во една чаша киноа.

6. Јогурт. Ако изберете овошни, слатки јогурти, ќе консумирате повеќе од 40 грама јаглехидрати со дел од околу 200 грама.

Прочитајте и: Медитерански зачини за поздрав организам

 

ФОТО: Unsplash

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.