Медитерански зачини за поздрав организам

Покрај тоа што му даваат вкус на секое јадење, медитеранските зачини имаат и многу здравствени придобивки.

Рузмарин, на пример, е одличен извор на манган, железо, калциум, бакар и магнезиум. Тој е одличен извор на витамин Ц и фолна киселина и добар извор на витамин А, витамин Б6 и витамин Б5.

Босилекот, од друга страна, е богат со витамини К и А, калциум и калиум, и оди добро со салати и сосови од домати. Во Индија, босилекот се негувал како симбол за добредојде, а во Ајурведата, еден од видовите босилек (тулси, лат. Ocimum tenuiflorum) се користи за лекување на многу болести – дијабетес, астма, импотенција, камења во бубрезите, неплодност и алергии.

Ова растение за зачини обезбедува и заштита од инфекции – истражувањата покажаа дека конзумирањето на босилек го зголемува производството на антитела кои се борат против инфекциите за 20 проценти. Затоа експертите и научниците сè повеќе ја истражуваат улогата на маслото од босилек како природен антибиотик. А, нането е лековито растение кое ги потиснува воспаленијата и инфекциите, го зајакнува имунитетот, помага при астма и алергии бидејќи ги намалува непријатните симптоми на алергија на полен. Исто така е одличен за дигестивни проблеми и го олеснува стресот. Ова растение има диуретично дејство и го забрзува метаболизмот, што на крајот помага во процесот на слабеење. Богато е и со железо.

Рузмарин

Чајот од рузмарин се користи за надуеност и бавно варење, ревматски проблеми и проблеми со жолчката. Стимулира излачување на урина и е корисно за црниот дроб. Ефикасен е и во борбата против бактериите (стафилококи, стрептококи) и габи.

Босилек

Го отвора апетитот, го стимулира варењето, го смирува воспалението на мукозните мембрани на желудникот и цревата, ги ублажува грчевите и подеднакво се користи за справување со надуеност, гасови, гадење или запек. Варената вода со босилек го смирува болното грло.

Нане

Ако настинете или заболите од вирус, чајот од нане е одличен избор бидејќи поради високите нивоа на калциум, витамин Б и калиум, тој ќе го стимулира имунитетот, а со тоа и ќе го забрза процесот на опоравување на организмот. Одлично е и за воспаление на грлото и алергии.

Прочитајте и: Зошто магнезиумот е важна хранлива материја, каде е најобилен и дали можеме без него?

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.