12 дена јадела само банани: Еве каква промена доживеала – неверојатно!

Експеримент

Јулија Тарбат направила мал експеримент за да утврди како точно влијаат бананите врз слабеењето и здравјето генерално

Бананите се овошје богато со влакна, кои имаат бројни позитивни ефекти на здравјето. Влакната, кои помагаат подолго да се чувствуваме сити, можат да помогнат и во слабеењето, а нутриционистката Јулија Тарбат спровела мал експеримент за да утврди како точно влијаат врз слабеењето.

Таа 12 дена јадела само банани за да ослаби и да го прочисти организмот, а еве некои правила до кои се придржувала за време на тој режим на исхрана…

  • Јадела банани колку сака, но ништо друго освен тоа. Понекогаш додавала малку зелена салата со последниот оброк во денот.
  • Консумирала исклучиво зрели банани, водејќи сметка за тоа да внесе ист број на калории што вообичаено ги внесувала додека јадела „нормално“.
  • Пиела многу вода, до три литра дневно и ги имала вообичаените физички активности.
  • Одморала повеќе, бидејќи телото минува низ фаза на детокс и закрепнување.

Истражувањето покажало дека бананите можат многу да помогнат за слабеење. Просечната банана содржи околу 90 калории, што е далеку помалку од некое чоколатце што би го изеле. Исто така, содржат многу влакна кои се растворливи, што значи дека апсорбираат вода и го забавуваат варењето.

Јулија успеала да симне 3 килограми и да ја исфрли насобраната течност. Освен тоа, ги исфрлила и наталожените токсини од цревата и по експериментот чувствувала дека има повеќе енергија.

Резултати од диетата

Јулија вели дека целото тоа време додека се придржувала до овој режим на исхрана, во период од 12 дена, се чувствувала одлично и немала никакви несакани последици. Истакнува дека состојбата на умот и била јасна, била сконцентрирана и ефикасна во извршувањето на своите задачи. Исто така, била добро расположена и немала нагли промени на расположението.

Па така, може да се каже дека 12-дневниот детокс со банани вродил со плод, но сепак, би требало да се посоветувате со лекар пред да воведете какви било рестрикции во исхраната.

Освен тоа, доктор Дејвид Хебер истакнал дека овој режим на исхрана не е добар, бидејќи бананите не содржат протеини, „најважниот нутриент што го контролира апетитот и метаболизмот.“

„Не е најважно само да симнете килограми, поважно е и каква ќе ви биде структурата на телото потоа. Ако се изгладнувате или јадете само јаглехидрати, половина од килограмите што ќе ги изгубите ќе бидат мускули. Секој половина килограм мускул што го губите, го забавува метаболизмот за 140 калории дневно. Кога ќе изгубите околу половина килограм мускул, вашето тело ќе согорува околу 140 калории дневно помалку. Тогаш, однадвор ќе изгледате слабо, но ќе имате масти однатре. Редовната физичка активност и внесувањето доволно протеини со разно овошје и зеленчук, а со ограничена количина на јаглехидрати е клучот за здраво слабеење“, порачал доктор Хебер.

Дали бананите се добар избор за слабеење?
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.