10 заповеди на здравата храна

Научете ги, почитувајте ги и нема да згрешите!

Овошјето, зеленчукот, јаткастите плодови и ферментираните млечни производи се само некои од намирниците што придонесуваат нашата исхрана да биде урамнотежена 365 дена во годината.

Многумина од нас тежнеат да се хранат здраво, но понекогаш е навистина тешко да се снајдеме во сите тие упатства, различни пристапи, нови научни истражувања…

Затоа ви ги претставуваме наједноставните правила. Без нив не можете. Научете ги, почитувајте ги и нема да згрешите!

1 Нутриционистите често истакнуваат дека во текот на денот треба да имаме три главни оброка и две ужини. Идеално е дневно да консумираме половина килограм овошје и половина килограм зеленчук.

2 Најдобро е овошјето да се јаде свежо, како ужина. Ако сакате да го консумирате во рамките на оброк, нутриционистите советуваат да го изедете половина час пред преостанатата храна.

3 Зеленчукот е најдобро да се консумира во вид на салата (свеж) или обарен.

4 Се советува да се консумираат две коцки црно чоколадо на ден, а доколку сте под голем стрес, дозволено е и топло какао пред спиење. Добар избор се и соковите од цедено овошје што сами ги приготвуваме, без додавање дополнителни шеќери.

5 Брзата храна никогаш не е добар избор – заменете ја со готвено јадење, особено на пареа,или печено во рерна. Понекогаш можеме да уживаме и во храна приготвена на електрична скара. Најдобар избор е посното месо, а двапати неделно не е лошо на менито да се најде риба.

6 Ужината може да се состои од јаткасти плодови. Тие се корисни бидејќи содржат мононезаситени масти, влакна и важни минерали и витамини. Но треба да бидете внимателни – многу се калорични, па доволно е да се земат неколку плода, односно еден грст.

Само три плода бразилски орев е доволно да ги задоволат дневните потреби на организмот од селен, а важно е да знаеме дека оревите и семките се богат извор на витамин Е, кој спречува проблеми со видот.

7 Кога избираме масло за приготвување храна, треба да внимаваме да биде ладно цедено. Маслиновото масло е неприкосновено за салатите поради незаситените масни киселини во својот состав, а маслото од семки од грозје е одлично за готвење и водено претставува заштита од појава на крвни тромбови.

На мажите им се препорачува масло од тиква, затоа што е добро за здравјето на простатата.

Текстот продолжува на следната страница…

loading...
Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време