5 погрешни тврдења за пренесувањето на корона вирусот!

Преплавени сме со информации за трансмисијата на новиот коронавирус SARS-CoV-2. Но, додека некои од нив се вистинити и ни помагаат да се заштитиме, други се сосема неточни и ни создаваат паника, стрес и анксиозност.

Еве некои популарни верувања меѓу луѓето за кои научниците и експертите тврдат дека се погрешни:

Јадењето лук може даја спречи трансмисијата

Лукот има антивирусни и антибактериски својства, но не постои доказ дека може да нè заштити од КОВИД-19.

Редовното правење гаргара со солена вода ќе  го спречи пренесувањто

Точно е дека вирусите умираат во солена вода и овој метод може да ви помогне при црвено и болно грло причинето од вирусна инфекција. Но, плакнењето со солена вода не може да заштити никој кој е изложен на новиот коронавирус.

Пиењето топла вода и сончањето го спречува пренесувањето

Не, сончевите зраци, консумирањето топла вода, бањањето со жешка вода и слично не може да нè заштитат од КОВИД-19. Сончањето може да има други придобивки за здравјето. На пример, сончевата светлина ни помага да добиеме витамин Д, кој ни го подобрува имунитетот. Но, преголемата изложеност на сончевите зраци може да доведе до сончаница.

Комарците можат да пренесат Ковид

Не постојат докази дека новиот коронавирус може да се шири преку комарците. Вирусот може да се пренесе преку капките кои излегуваат од нашата уста кога кашламе или киваме.

Пиењето алкохол може да не заштити

Консумирањето на пиво, ракија, вино или кој и да е друг алкохолен пијалак не може да ве заштити од новиот коронавирус. Всушност, пиењето алкохол ја зголемува желбата на луѓето за дружби, што води до нарушување на социјалната дистанца и лоша хигиена на рацете, со што се зголемува ризикот за пренос на инфекцијата.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.