10 интересни факти за љубовта!

Прочитајте, ќе дознаете многу работи за љубовта...

Фото: Getty Images

Љубовта е вистинска мистерија. Возбудлива, збунувачка и воодушевувачка мистерија која сите нè остава „со врзан јазик“ во одреден момент од нашиот живот.

Опишана како необјасниво чувство, љубовта продолжува да не воодушевува. Но повеќе не! Прочитајте ги овие десет факти кои ќе ви ги отворат очите и ќе објаснат зошто не јадеме и не спиеме кога сме заљубени.

1. Вашите срца буквално чукаат заедно

Едно истражување покажа дека луѓето кои се во романтична врска го корегулираат или ги менуваат отчукувањата на срцето за да одговараат на пулсот на нивниот партнер. Во експериментот учествувале 32 парови кои 3 минути се гледале во очи. Кога нивните отчукувања на срцето биле прикажани на монитор, истражувачите виделе дека нивните срца чукаат синхронизирано со истиот ритам!

2. Секоја нова љубов ве „чини“ двајца пријатели

Новата врска дополнително ни „зафаќа“ простор во главата и ни го „јаде“ слободното време. Факт е дека веројатно ќе забележите дека вашата нова љубов има некаков ефект врз вашите пријателства. На Универзитетот Оксфорд откриле дека заљубувањето често резултира со губење на двајца пријатели. И зошто? Бидејќи ви треба повеќе време да бидете со вашиот партнер.

3. Љубов како на амфетамини

Неодамнешните студии покажаа дека кога се заљубуваме, мозокот ја ослободува истата комбинација на невротрансмитери и хормони како да сме земале амфетамин. Несакани ефекти се зголемен пулс, губење на апетит, несоница и интензивна возбуда.

4. Ни требаат меѓу 90 секунди и 4 минути за да одлучиме дали некој ни се допаѓа или не

Кога ќе се разложи комплицираната наука за флертувањето, сето тоа се сведува на четири минути. Тоа е целото време што треба да одлучите дали некој ви се допаѓа или не.

5. Постојат различни видови на љубов

Што и самите знаете.. Но, на некои јазици има посебни имиња за секоја љубов. На пример, во Грција добротворната љубов се нарекува „agápe“, сексуалната љубов се нарекува „ерос“, љубовта меѓу пријателите се нарекува „philia“ и семејната љубов се нарекува „storge“. На овој начин нема забуна кога некому му изјавувате љубов, нели?

6. Свадбениот „тренд“ започнал во 18 век

Бракот за љубов е всушност неодамнешен феномен.

7. Кога се во долга врска кај жените се намалува желбата за секс

Ова е класичен пример за целиот феномен „Мажите се од Марс, а жените од Венера“. Истражувачите од болницата во Хамбург интервјуирале околу 530 жени и мажи за да разберат како желбата за секс се менува во долготрајните врски кај жените и мажите.

Откриле дека 60% од триесетгодишните жени сакаат да имаат „почест“ секс на почетокот на врската, во врски кои траат четири години, таа бројка паднала на под 50%, а по 20 години на околу 20%. Од друга страна, тие откриле дека 60 – 80% од мажите кои биле интервјуирани сакаат „редовен“ секс, без разлика на должината на врската во која биле.

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.