Еве што досега знаеме за новата подваријанта на омикрон што забрзано се шири?

Внимавајте!

Уште од првиот сој на омикрон BA.1, познато е дека се шири побрзо од претходните соеви на коронавирусот SARS-CoV-2.

Сега се појави подваријантата BA.2. Зарази најмалку 400 луѓе во Велика Британија во првите десет дена од јануари. А нејзиното постоење е веќе докажано во повеќе од 40 земји.

79 отсто од досега докажаните инфекции со овој сој се потврдени во Данска. Следуваат Обединетото Кралство (6%), Индија (5%), Шведска (2%) и Сингапур (2%). Сепак, треба да се забележи дека откривањето на овој вид на вирус зависи од способностите за секвенционирање на PCR тестовите во одделни земји.

Колку е опасен омикронот BA.2

Брзото ширење на оваа подваријанта сугерира дека би можело да биде уште позаразна од првата варијанта на сојот омикрон BA.1. Агенцијата за здравствена безбедност на Обединетото Кралство (UKHSA) го рангираше BA.2 меѓу „соевите што се следат“.

„Во природата на вирусите е да се размножуваат и мутираат“, рече Мера Чанд, директорка на Британската здравствена агенција. „Значи, може да се очекува дека ќе има повеќе соеви за време на пандемијата“.

Бидејќи здравствените установи ја истражуваат генетската структура на вирусот, можно е да се идентификуваат нови соеви и да се процени колку се опасни новите мутации. Сè уште е во тек анализата на подваријантата BA.2.

„Сè уште нема убедливи докази дека BA.2 предизвикува потежок тек на болеста од BA.1“, вели Чанд.

Вакцинацијата е важна поради новите мутации

Британскиот министер за здравство Саџид Џавид додава дека појавата на нов сој покажува колку е важна вакцинацијата.

„Ги охрабрувам сите да се заштитат себеси и своите најблиски и сега да земаат засилена доза“, рече тој.

Францускиот епидемиолог Антоан Флахо изјави за француската новинска агенција AFP: „Она што нѐ изненадува е брзината со која оваа подваријанта, која широко циркулира во Азија, се прошири во Данска“.

Досега, инфекциите со BA.2 немале потежок тек на боледувањето во споредба со BA.1. Францускиот министер за здравство Оливие Веран исто така ја разгледува појавата на нов подвид на сојот омикрон.

„Во моментов знаеме дека BA.2 повеќе или помалку одговара на карактеристиките што ги знаеме од омикрон“, рече тој за AFP.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.