Што ја предизвикува настинката и како да ја спречите?

Заштитете се!

Кога некој кој е настинат кива и кашла, во воздухот се ослободуваат милион вируси кои потоа завршуваат на други лица или на околните површини и поради тоа настинката брзо се шири.

Микроорганизмите брзо се пренесуваат преку контакт со раце, затоа внимавајте со кого се поздравувате! Возрасните обично се разболуваат два до четири пати годишно, а децата дури и до осум пати во текот на годината! Кога сите околу Вас кашлаат и киваат, тешко е да ја избегнете настинката, но сепак постојат неколку едноставни начини со кои може да го спречите контактот со вирусите во вашето семејство

  • Вирусот на настинка во телото може да влезе преку уста, нос и очи
  • Симптомите обично се појавуваат два до три дена после инфекцијата
  • Заморот и недостаток на енергија се првите знаци на инфекцијата
  • Настинката предизвикува надразливост и воспаление на слузницата на грлото и носот
  • Симптомите се манифестираат како затнат нос или течење на носот, болка во грлото, кивање, кашлање, висока температура, замор и главоболка.

Совети за спречување и лекување на настинка

1. Редовно мијте ги рацете
Вирусите може да се пренесат на рацете кога допирате површини.

2. Покривајте ја устата
Кога кивате или кога кашлате, покријте ја устата со марамче и потоа фрлете го – со тоа ќе допринесете во спречување на ширење на инфекциите.

3. Избегнувајте задимени простории
Избегнувајте простории полни со дим. Димот ги влошува симптомите на настинка, а освен тоа ги надразнува и дишните патишта и на тој начин ја зголемува осетливоста на респираторниот систем кон вирусите кои ја предизвикуваат инфекцијата.

4. Одмарајте се
Дозволете си доволно одмор. Во периодот на одмор човековото тело е поспособно за да се одбрани од инфекции и затоа во текот на денот обезбедете си време за одмор.

5. Урамнотежена исхрана
Нека Вашата исхрана биде богата со свежо овошје и зеленчук како би ја подобриле отпорноста и како би спречиле инфекција.

6. Пијте многу течности!
Доволната хидрација е многу важна и затоа испијте најмалку осум чаши вода на ден. Чаевите и разредениот овошен сируп исто така допринесуваат за задоволување на дневниот внес на течности.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.