Шест секојдневни навики што ја уништуваат убавината на градите

Внимавајте на нив!

Женските гради се многу чувствителни, па некои вообичаени грешки можат да доведат до влошување на нивниот изглед и здравје.

Иако градите се постојано со нас и често мислиме на нив, како и на тоа што мислат другите за нас поради тоа како изгледаат, дали ние доволно им посветуваме внимание? Тоа би требало да подразбира редовен докторски преглед на градите, но мораме и самите да се потрудиме таа чувствителна област на која и е потребна посебна нега да остане онаква каква сакаме да биде.

Ако сакате вашите гради да останат здрави, мора да вложите дополнителен напор и да превземете секојдневни превентивни мерки за да избегнете болест или било каква промена. Се чини дека многу дами несвесно стекнуваат навики кои можат да доведат до лошо здравје на градите.

Од таа причина, за вас подготвивме листа од шест работи и навики кои би требало да ги избегнувате за вашите гради да бидат здрави и да останат во одлична состојба.

Непријател број 1 – кафе

На повеќемина нема да им биде драго кога ќе прочитаат дека научници од Шведска дадоа сензационални изјави дека со повеќе од три црни кафиња дневно може да ве „спаси“ од затегнат градник. Во студијата во која учествувале околу 300 волонтерки, изнесено е дека страста кон овој напиток на жените им ја намалува величината на градите за 17%, па затоа запомнете, ништо нема подобро од вода што е изворно и измислено за убавина на телото и вашето општо здравје.

Непријател број 2 – изгореници од сонце

Секоја жена треба да го запомни ова правило: Градите не можете да ги изнесувате на сонце, а што е уште полошо, да се сончате на топлес без заштитен фактор. Прво, ја уништува убавината на градите, а друго, ултравиолетовото зраци во солариумите ја уништуваат кожата при што едноставно ја губи цврстината и еластичноста. Што би требало да значи, ако го изложувате пределот кај деколтето во текот на летниот период, морате да користите крема со СПФ30 или повеќе, за кожата на градите.

Непријател број 3 – погрешен избор на долна облека

Во потрага по брендовите и убавината, многу девојки забораваат на главната функција на долната облека, односно правилна поддршка и величина на градите, затоа дури и најскапите градници може да предизвикаат стрии. Важно е да имате на ум дека неправилно одбран градник може да доведе до сериозно здравствени проблеми: притискање на градите, да ги повлече, или прободе, а знае да биде пореметена и локалната циркулација на крвта, па поради тоа ќе биде пореметена целата лимфна дренажа, со што токсините нема да можат да го напуштат телото.

Како да разберете дека долната облека не ви одговара? Многу едноставно: градникот кој ве затега околу градите или ве притиска се главни знаци дека тој не е за вас.

Непријател број 4 – спиење на стомак

Бидејќи градите се состојат од масно ткиво, кое е прилично флексибилно и еластично, вашата положба при спиење може да влијае на нивниот облик. Ако спиете на страна или на стомак, обликот ќе ви биде неурамнотежен. Ви препорачуваме да спиете на грб. Истовремено да се ослободите од борите на лицето.

Непријател број 5 – вежбање без спортски градник

Вежбањето без спортски градник лесно може да го уништи вашиот преубав облик на градите. Вежбите кои често се повторуваат или спортови со поголемо интензитет и напор предизвикува поголемо движење на градите, со што се растегнуваат. Ова може да ги опушти градите и болките во рамењата, па се препорачува носење прилагоден спортски топ кој ги поддржува градите, но не и да ги стега.

Непријател број 6 – пушење

Знаеме дека многу од вас мислат дека добрата комбинација на заводнички поглед, цигари и отворено деколте привлекува внимание од секого, но пушењето е и најглавниот непријател на убавите гради. Не само што пушењето ги зголемува можностите за развој на сите врсти на карцином на градите, туку истовремено и се зголемува веројатноста од отпуштањето на млечните жлезди.

Научниците се уште го немаат откриено причинителот за оваа појава, но постојат верзии дека цигарите содржат хемикалии кои го уништувааат еластинот, како и протеинската структура која ги одредува еластичноста и тонусот на кожата на градите.

Пушење или убави и здрави гради, одлучете сами!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.