Војвотката првпат ја гледаме во овие обувки: Неверојатно удобни, а толку ГЛАМ – довршена замена за високи потпетици (ФОТО)

А погледнете го само и прекрасниот фустан со кој ги искомбинира…

Војвотката од Кембриџ го бодреше својот сопруг – принцот Вилијам на Кралскиот добротворен поло-куп во Виндзор, а на крајот му честита со сочен бакнеж во образот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @royalfamily.20

Кејт Мидлтон на овој престижен турнир пристигна во елегантна, но едноставна комбинација, покажувајќи ни повторно дека речиси никогаш не прави модни грешки.

Убавата бринета избра префинет фустан од дизајнерката Емилија Викстед, со дебели прерамки, А-крој и миди-должина, украсен со црни пруги, а чини „само“ 1.352 фунти!

Кејт ја надополни комбинацијата со интересни, пластични обетки во кафена боја, и модерни очила за сонце со рамки со животински принт, а нам ни се допадна и нејзиниот избор на чевли!

Имено, иако речиси никогаш не носи рамни обувки, овој пат пригодата бараше токму такви, па ова беше редок случај војвотката да ја видиме во балетанки. Таа избра модел во боја на кожа со црн шпиц и отворена петица.

Моделот е женствен, удобен и одлично се вклопува со многу парчиња и е идеална замена за салонки, а украсен е и со низок бисер на петицата. Инаку, станува збор за балетанки со потпис на дизајнерката Камила Елфик и нивната цена е 195 фунти.

Инаку, Кејт и Вилијам на поло-турнирот пристигнаа во друштво на своето семејно куче, двегодишниот Орло, а војвотката очигледно добро се забавуваше – постојано се смешкаше, а го пиеше и традиционален британски коктел со џин – Пимс.

Kejt Midlton sa psom Orlom

Фото: Instagram, Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.