Главоболка за време на диетата: Еве какви режими треба да избегнувате

Здравје

Главоболката за време на диетата е предизвикана од намален внес на калории, здрави суплементи и хранливи материи кои му помагаат на телото да функционира правилно.

За да го изгубиме вишокот килограми на здрав начин, потребно е да го намалиме количеството на калории што ги внесуваме и редовно да вежбаме. Сепак, намалувањето на калориите може да има негативно влијание врз нашето целокупно здравје.

Дури и кога целта ни е слабеење, многу е важно да внесуваме доволна количина на калории и хранливи материи во дневното мени. Во спротивно, можеме да почувствуваме бројни нуспојави од нискокалорични диети и рестриктивни диети, а главоболката е една од нив.

Зошто се јавуваат главоболки за време на диетата

За ефикасно слабеење, човекот мора да внесува помалку калории отколку што троши, тоа е секому јасно. Па сепак, доколку на ова патување чувствувате главоболка и недостаток на енергија, како и замор и несвестица, време е да ја преиспитате исхраната.

  • Намалениот внес на калории и неурамнотежената исхрана влијае на нерамнотежата на електролитите во телото. Ова доведува до прекумерно ниво на калиум и натриум во телото, што резултира со чести главоболки.
  • Многу намирници придонесуваат за хидратација на телото. Доколку не ги внесуваме (или не пиеме доволно вода), доаѓа до дехидрација, што секако предизвикува главоболки. Затоа, каква диета и да одберете, пијте доволно вода во текот на денот.
  • Во некои случаи, долг период без храна (постот) доведува до хипергликемија (низок шеќер во крвта). Во оваа состојба чувствуваме главоболка, замор и вртоглавица. За да избегнете хипергликемија, јадете почесто, но помали оброци. Оваа стратегија ќе ви помогне да изгубите тежина и да спречите главоболки. Исто така, обезбедете му на вашето тело доволен внес на протеини, што ќе ве држи сити подолго време.
  • Деновиве се повеќе се практикува автофагијата (intermittent fasting). Овој начин на исхрана подразбира неконзумирање храна помеѓу 12 и 14 часа во текот на денот. Меѓутоа, автофагијата не е одржлива за секого, ниту ги задоволува секојдневните потреби на сите. Долгиот период без храна влијае на падот на крвниот притисок, што доведува до главоболки.

Доколку сакате да изгубите вишок килограми, експертите советуваат да следите урамнотежена исхрана, а тоа вклучува овошје и зеленчук, влакна, протеини, здрави масти и доволно вода. Подобра опција е да се консултирате со нутриционист пред да тргнете на вашето патување за слабеење.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.