Пристигнаа официјални фотографии од гробот на Ивана Трамп: Погребана е на имотот на Доналд (ФОТО)

Свет

Ивана Трамп, која почина на 14 јули годинава во својот дом во Њујорк, беше погребана една недела подоцна во Њу Џерси, на имотот на нејзиниот поранешен сопруг Доналд Трамп.

За прв пат, сега е дозволено фотографирање на нејзиниот гроб, бидејќи самиот чин на погребот беше извршен далеку од очите на јавноста.

Фотографиите се обезбедени од „Дејли мејл“. Ивана Трамп е погребана во затскриена област на имотот, кој е опкружен со дрвја и се наоѓа во близина на теренот за голф. Дискретен црн споменик и цвеќиња во бело, што е симбол на пријателство, чистота и искреност. Тажни емоции се присутни во Њу Џерси.

Имено, Ивана Трамп беше првата сопруга на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, со кој имаше три деца, Доналд Џуниор, Ерик и Иванка, кои одржаа емотивни говори на нејзиниот погреб, нагласувајќи дека нивната мајка е симбол на остварувањето на американскиот сон.

Пред погребот се одржа миса во црквата во Њујорк, која се наоѓа недалеку од нејзиниот дом во кој живеела 26 години и каде се случил фаталниот пад. Таа имаше 73 години.

На погребот, покрај нејзините деца и пријатели, присуствуваше и нејзиниот поранешен сопруг со сегашната сопруга Меланија и нивниот син Барон Трамп.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.