„Никој нема да ја раскаже мојата приказна освен мене“: Мадона објави дека снима филм за нејзиниот живот

Музика

Мадона верува дека е подобро да сними филм за себе отколку да им го остави на другите.

Мадона е една од најпопуларните луѓе во светот. Таа со децении важи за кралица на поп музиката, а сега реши да се испроба и во филмската уметност.

Пејачката објави дека режира биографски филм за нејзиниот живот и кариера во музичката индустрија.

„Никој нема да ја раскаже мојата приказна, освен мене“ – изјави пејачката за “Variety”.

„Имав неверојатен живот, морам да снимам несекојдневен филм. Тоа е исто така превентивно затоа што многу луѓе се обидоа да снимаат филмови за мене. Претежно мизогини мажи, затоа реков дека никој нема да ја раскаже мојата приказна, освен мене“ – искрено изјавила кралицата на поп музиката.

Мадона, исто така, истакна дека има многу долго сценарио кое е тешко да се скрати. Сè уште не е објавен датумот на прикажување на филмот, ниту има дополнителни детали за главната актерска екипа.

Пејачката има големо семејство, две биолошки деца, ќерката Лурд (20) и синот Рок (17), а има посвоено и четири деца од Африка.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.