7 тајни на совршената фигура на Емили Ратајковски

Балансот е клучен

Фигурата на Емили Ратајковски е предмет на восхит на милиони луѓе од целиот свет.

Тенките нозе, затегнатиот стомакот и задникот се белезите на овој модел. Во неодамнешно интервју, Емили повеќепати потенцираше на тоа дека нејзиниот изглед се должи во многу погледи на нејзината генетика и метаболизам, но исто така дека постојано работи на себе, настојувајќи да ги подобри своите рутини и да се грижи за квалитетот на нејзината исхрана и животот воопшто.

https://www.instagram.com/p/B-iyx03JwFF/?utm_source=ig_embed

Ви ги откриваме седумте главни тајни на нејзиниот совршен изглед:

Пециво за појадок

Ако го погледнеме нејзиниот затегнат стомак, тешко дека ќе поверуваме дека таа некогаш оди во слаткарници и пекари, но по секоја веројатност, тоа е вистина. Манекенката изјавила дека нејзиниот утрински ритуал вклучува чаша силно црно кафе, проследено со кроасан или кифла. Покрај тоа, таа истакна дека е многу добро да се задоволи потребата од јаглени хидрати рано наутро, затоа што тоа ќе го олесни придржувањето кон вашиот режим до крајот на денот.

Челична волја

После утринскиот кроасан, Емили не си дозволува да отстапи од нејзиниот план за исхрана. Најголем проблем е кога е на снимање. Имено, скоро секогаш на снимањата има шведска маса со вкусна храна, а во тие моменти таа се води од својата челична волја. Кога се служи храна, секогаш избира салата или свежо овошје, игнорирајќи ги искушенијата што ја опкружуваат.

https://www.instagram.com/p/B7kh7EphZtK/?utm_source=ig_embed

Изобилство на протеини

Емили никогаш не помислила да се откаже од месото и да се префрли на вегански животен стил. Манекенката секако се грижи за нејзиниот внес на протеини, кои играат голема улога во нејзината диета, притоа придонесувајќи за целокупното здравје на нејзиното тело. Покрај тоа, Емили обожава месо, а особено пилешко или говедско месо.

Физичка активност

И покрај нејзиниот зафатен дневен распоред, Емили секогаш наоѓа време за спортски активности. Всушност, таа комбинира неколку видови физичка активност – од тренинг на сила до пилатес, до пливање и танцување. На овој начин, таа ги користи сите групи на мускули, добивајќи тенка фигура и силно тело.

Вечера во ресторан

За Емили, јадењето во ресторан не е само за нејзиниот глад, туку и за дружење. Скоро секоја вечер, Емили се среќава со пријателите или излегува на романтична вечера со сопругот. Како оброк, таа одбира тестенини, месо со зеленчук или суши.

https://www.instagram.com/p/B9sLqaAh2tB/?utm_source=ig_embed

Сон и вода

Емили пие и до три литри вода секој ден. Како што вели таа, водата е неопходна за добар метаболизам, како и за чиста кожа. Покрај тоа, таа има јасна дневна рутина, и ако не мора да оди на вечерен настан, таа се обидува да си легне рано и да спие осум до девет часа.

Без напорни санкции

„Што и да правите, мора да чувствувате радост“, изјави Емили. Ако правилното јадење станува тортура за вас, веројатноста за откажување значително се зголемува. Главниот принцип на Емили е да ги слуша сопствените желби – ако сака да излезе на вечера или да јаде колачи, таа нема да се одрече од тоа задоволство.

Прочитајте и: Сакате тело како Хали Бери? Тогаш овие вежби се за вас! (фото)

 

 

 

 

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.