Хрватска докторка: Луѓето што ја победиле короната може да ги имаат овие доживотни последици!

Експертка објаснува

Не влијае негативно само врз дишните патишта

Вирусот САРС-КоВ-2 кај луѓето со послаб имунитет предизвикува коронавируст пред телото да стигне да создаде антитела.

Хрватска докторка, специјалист-интернист пулмолог, алерголог и клинички имунолог од Специјалната болница за белодробни болести во Хрватска, ги објаснува механизмите на заразата, како и последиците кај заболените.

Вирусот одбрал идеална стратегија за да преживее: освен што ја менува генетиката, три пати побрзо се шири, користи рецептор за ензим АЦЕ-2 за да влезе во клетките што ги обложуваат бронхиите и ги градат алвеолите (затоа е поопасен од другите коронавируси) и се размножува во дишните патишта преку кои секој ден пристигнуваат огромни количини на воздух.

Тој воздух допира до длабочините на човечкиот организам, односно до завршните делови на бронхиите и завршните меурчиња – алвеолите, во кои се изменуваат гасовите од капиларите кои ја нарушуваат функцијата на алвеолите.

Во тоа подрачје, кај лице со дисфункционален имунолошки систем се случуваат најдраматични промени, како последица од битката помеѓу напаѓачите и одбранбените сили, открила таа.

Хрватската докторка објаснува како кај болните може да се јави вирусно воспаление на белите дробови, односно тежок респираторен синдром кој оневозможува влегување кислород во организмот.

Оштетување на други органи

Поради тоа, настанува неконтролирана имунолошка реакција на организмот и се јавуваат оштетувања и на другите органи.

„Иако благите инфекции и воспаленија во горниот респираторен тракт (кои се одговор на имунитетот на повредата нанесена од вирусот) се најчеста форма на болеста, сепак неопходен е нивен сериозен третман од неколку причини: тие се извор на ширење на болеста кај популацијата и се опасност за лица со послаб имунитет, може да бидат болни и долготрајни и не е целосно сигурно колку долго заболените лица се заразни“, објаснила докторката.

Таа вели дека кај заболените со благо и средно воспаление на белите дробови, лекарите докажале промени преку радиолошки метод на снимање на органите или делови од телото во низа слоеви, со помош на рендгенски воздух.

Постојат четири стадиума, со врвот на болеста во третиот стадиум, кој настапува на деветтиот до тринаесеттиот ден од почетните симптоми. Многу важен факт е тоа што дури кај 6% од болните без симптоми на болеста, може да се видат абнормалности на едното белодробно крило, а кај симптоматичните пациенти доаѓа до промена по 7 дена на двете белодробни крила.

По 14 дена, белодробната болест влегува во помирна фаза, а ресорпцијата на промените на белите дробови трае уште неколку недели, предупредил пулмологот, нагласувајќи дека за степенот на тежината на белодробната болест одговорни се факторите од околината, како што се квалитетот на воздухот, но многу важна улога игра и фактот дали заболениот бил пушач или не.

Детални резултати само кај починатите

За конкретните последици од болеста, сѐ уште е прерано да се зборува, а детален увид на текот на болеста и типот на оштетување, научниците досега имаат само од аутопсиските анализи на починатите пациенти.

Прегледот со микроскопски препарати на белите дробови покажува крвавење и насобирање течности со фибрин во белите дробови, чепови со слуз (што е различно од САРС) и обилно таложење на слуз во длабочините на белите дробови, оштетување на епителата на бронхиите и алвеолите, ексцесивно насобирање на клетки на макрофаги (алвеоларни јадачи) инфицирани со вирусот САРС-КоВ-2.

Исто така, како последица на воспалението се и лузните, односно замена на оштетеното белодробно ткиво со нефункционални лузни (фиброза на белите дробови).

Репараторните процеси на белодробното ткиво со агрегација на густата слуз и создавањето нови клетки во малите дишни цевчиња, го спречувале чистењето на дишните патишта и отстранувањето на слузта кај најтешките случаи, раскажала докторката.

Кога заболениот ќе ја победи короната, мора да се продолжи со следење на функцијата и структурата на белите дробови, со задолжителна рехабилитациска терапија со медицински вежби за дишење, методи на позиционирање, промена на обрасците на дишење…

Промените што може да останат во белите дробови може да влијаат врз намалувањето на респираторната подвижност и дифузијата на кислород преку белите дробови.

Па затоа, потребно е редовно да се прават вежби за дишење, за да се подобри и одржува белодробната функција. Откажувањето од цигари е задолжително.

Докторката советува и правење кондициски вежби, односно воведување здрави животни навики, како што се здрава исхрана, смирена психа, и што почесто поминување време во природа за да се зајакне имунитетот на организмот.

„Со закрепнување од инфекцијата се стекнува специфичен имунитет за одбрана од овој вирус, но лузните што се развиле на белите дробови остануваат доживотно. Тие може да бидат терен за заболување од други инфекции на респираторниот систем, ако постојат подрачја на белите дробови со послаба вентилација или задржување на секрет“, заклучила докторката.

Како изгледа коронавирусот кај заболените од ден во ден: Најтешко погодените не можат да дишат, а еве кој може да оздрави за 7 дена!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.