5 грешки што ги правите при туширање што можат да ја оштетат кожата

Бидете негувани

Во теорија, туширањето треба да биде еден од наједноставните начини за одржување на рутините за хигиена и убавина. Но, не е сè едноставно. Постојат одредени грешки што ги правиме кои можат да ја оштетат кожата.

Негата на кожата всушност започнува во туш. Времето кое го поминувате во туширање не е само процес во кој треба да бидете нежни кон вашето тело и кожа, туку и кон умот. За жал, не сите ги третираме правилно нашите тела, па подолу се петте најчести грешки што ги правиме за кои не сме ни свесни:

Премногу врела вода премногу долго

Додека туширањето 15 минути врел туш не изгледа премногу долго, тоа е сигурно една од најлошите работи што можете да ги направите на вашата кожа. Врелата вода на вашата кожа може да ги отстрани основните липиди и протеини и може да стане воспалена многу полесно. Покрај тоа, сосема е сигурно дека врелата вода ќе ја дехидрира вашата кожа.

Груби шампони

Честопати користиме шампони кои се толку силни и со толку многу штетни состојки што можат да се споредат со детергентот за миење садови. И, токму ваквите шампони можат да бидат причина за сувост и чешање на кожата откако ќе излезете од туш. Вашето тело треба да биде чисто, а не иритирано. Бидете сигурни дека шампоните што ги користите се без парабени, алкохол и парфеми.

Претерување со пилинзи

Иако се препорачува целосна ексфолијација на телото одвреме навреме за да се отстранат мртвите клетки на кожата, премногу ексфолијација може да ви направи повеќе штета отколку добро. Вашата кожа може да почне да се перути, што значи дека премногу ја иритиравте и ја пробивте заштитната обвивка. Правете ексфолијација на телото еднаш неделно до 10 дена, а потоа не заборавајте да нанесете хидратантен лосион.

Погрешен начин на депилација

Без оглед на делот од телото што го депилирате, важно е да го направите тоа правилно. Не користете брич со премногу жилети, еден до два е доволно, затоа што со помалку жилети ја намалувате можноста за иритација на минимум. Исто така, не треба да се депилирате во спротивна насока на растот на влакната, ниту да ја прескокнувате употребата на пена за бричење.

Се бришете со пешкир

Иако звучи бизарно, бришењето со пешкир може да предизвика иритација на вашата кожа. Пешкирот може да биде груб, особено кога ќе го повлечете во сите правци, па затоа е подобро да облечете бањарка што ќе биде направена од материјал кој апсорбира вода и така ќе се исушите без да ја оштетите или иритирате кожата, а потоа да ќе ја хидрирате.

Прочитајте и: 12 златни правила во борбата против целулитот, пушењето може да ви го уништи целиот труд

 

ФОТО: Getty Images

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.