12 златни правила во борбата против целулитот, пушењето може да ви го уништи целиот труд

Целулит имаат повеќе од 85 проценти од жените постари од 20 години, а на него не се имуни ниту пак спортиските, супермоделите па ни мажите. Иако на неговата појава најмногу влијае генетиката, целулитот може да се победи со промена на животните навики.

Омразените јастучници под кожата настануваат поради вишок на маснотии, слабеење на врзното ткиво, пореметување во циркулацијата и задржувањето на вода во ткивата. На местата каде што најчесто се појавува (бедрото, задникот, стомакот, над колената) има посебни станици кои имаат улога на собирање на мастите.

На нивната појава освен генетиката најмногу влијание имааа и лошата ихрана, пушењето и недоволното пиење на вода, недоволната физичка активност, а често создавањето на целулитот е поврзан и со земањето на контрацепција.

Но од борбата против целулитот можете да излезете како победник но морате, ако е тоа потребно од корен да го промените својот начин на живот и во тоа да бидете истрајни.

Златни правила во борбата против целулитот: 

1. Зголемете го внесот на вода барем на 1,5 лити дневно. Водата може да ја ароматизирате со резанки од лимон, ѓумбир или листови од мента. На тој начин сврзното ткиво ќе се зајакне.

2. Внесот на течности може да го го зголемиме ако на менито додадеме зеленчук со висок удел на вода во себе како краставици, ротквици…

3. Внесете ред во исхраната- предност дадете на медитеранската исхрана која изобилува со здрави житарки, риба, овошје и зеленчук.

4. Jадете од 3 до 5 помали оброци во текот на денот

5. Внимавајте да јадете квалитетни белковивни, и протеини – пилешко, мисирка и црвеното месо се богати со аминокиселини и л-карнитин кои доколку јадете и вежбате позитивно влијаат на зголемувањето на тонусот и ги смалуваат масните наслаги.

6. Јадете храна богата со антиоксиданти како портокал, јагоди, брокули и грашок кој е богат со витамин Ц, кој е пак многу важен за зајакнување на колагенот.

7. Во подготовка на храната користете куркума, чиа, чили, рузмарин и ѓумбир бидејќи потикнуваат исфрлање на штетните работи од организмот.

8. Избегнувајте ги ригорозните диети – тие потикнуваат развој на целулит. Додека вие слабеете телото мислејќи дека се наоѓете во некоја екстремна ситуација почнува да скалдира масти.

9. Избегнувајте сувомеснати производи, грицки, слатко, пржена храна, газирани пијалоци и алкохол

10. Секое залче добро изџвакајте го за да може што полесно да се свари. Пијте пробиотици и јогурт.

11. Престанете да пушите. Секој дим од цигарите кој ќе го вовлечете во себе го смалува протокот на крвните станици и создавањето на колагенот, го оштетува врзното ткиво па и најмалите поткожни масни наслаги стануваат видливи.

12. Почесто движетете се. За да потикнете циркулацијата и протокот на лимфа на критичните места – одете брзо барем половина час на ден, возете велосипед, скојакте на јаже – изберете аеробна актовност по своја желба.

Фото: Pixabay, Thinkstock

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.