На овој начин секоја ваша кавга ќе биде конструктивна и ќе има добар крај

Совети од експерти

Кавгите и несогласувањата не се секогаш лоши. Тие можат да решат проблеми, да покажат поинаков агол на гледање, па дури можат да бидат и забавни. Но, непродуктивни, или уште полошо, кружни кавги, каде одново и одново се вртите околу истата работа, можат емоционално да ве исцрпат и на никој не му се потребни.

Како и со повеќето работи, треба да имате одредени вештини за добра и квалитетна кавга. Продуктивните несогласувања не се во врска со тоа кој е победник, а кој губитник, туку тие намерно ги истражуваат разликите и постигнуваат заеднички став.

Размислете за видот на кавгата

„За некој да се расправа подобро со вас, треба да чувствува дека работите со истиот материјал“, вели Бастер Бенсон, автор на „Зошто викаме: Уметноста на продуктивното несогласување“. Ако некој мисли дека се расправате за фактите, а другиот дека тоа е морална филозофија, никогаш нема да се согласите. Во својата книга, Бенсон идентификува три области на расправии: пределот на главата, пределот на срцето и пределот на рацете. Споровите околу пределот на главата се однесуваат на вистинитоста.

„Мора да има цврст доказ, мерливи податоци на кои можете да се потпрете. Ова се прашања во врска со големината на Лос Анџелес или равенката што го одредува обемот на сферата“, вели Бенсон.

Аргументите околу областа на срцето се однесуваат на прашања за тоа што има смисла, а најмногу за личен вкус и пресуди за моралните вредности. На пример, несогласување за тоа дали Том Круз е одличен актер или прашањето дали на децата треба да им се дозволи да користат огнено оружје без надзор на возрасни.

Аргументите во пределот на рацете се за практичност. Дали е подобро да вежбате пред или после работа, дали ќе ја спасите економијата ако авиокомпаниите добиваат финансиска помош од државата. Ваквите кавги можат да се решат само со одреден испит, т.е. тест или да чекате да видите како ќе се развие ситуацијата.

„Без разлика дали овој аргумент е за вистината, значењето или користа – тоа е прашање што треба да се постави при секое несогласување“, советува Бенсон, додавајќи дека се појавуваат многу непродуктивни кавги затоа што некој смета дека станува збор за несогласување околу фактите (на пр. Том Круз никогаш не освои Оскар), додека други сметаат дека е нивно сопствено мислење (сите одлични филмови во кои Круз глумел). Ако направите еден чекор назад и се прашате дали кавгата е за факти или лично мислење, можете да им дозволите на сите учесници во несогласувањето да дејствуваат во истата област.

Дознајте какви се вашите предизвикувачи

„Анксиозноста е алатка која може да ви помогне подобро да разберете што цените и зошто луѓето сакаат да се расправаат со вас“, тврди Бенсон, додавајќи дека емоциите што ги чувствувате додека се расправате со некој откриваат дали вашите лични очекувања се во согласност со реалноста.

„Ако не го испитате ова, секоја искра на вознемиреност ќе одреди како реагираме на невидливите програми во светот: ние погрешно ќе ги толкуваме луѓето, ќе реагираме погрешно на нови информации и секогаш ќе се обидеме да го присилиме светот да се согласи со нашите очекувања, наместо да ги прилагодиме очекувањата кон светот“, напиша Бенсон.

Тоа што некој не смета дека Круз е генијалец не е личен напад врз мене. Тоа е само знак дека моето очекување дека талентот на Круз е видлив за секого нема никаква врска со реалноста. Ако не го преиспитам тоа очекување, засекогаш ќе бидам во војна во коментаторите на „Јутјуб“.

Прочитајте и: 6 најголеми и најчести проблеми во љубовните врски и како да ги решите

Поставувајте прашања што откриваат што мислат

Кога расправате, не обидувајте се да бидете во право. Расправијата е можност да ги разберете работите од различна перспектива. Бенсон препорачува да поставите прашање што ќе ви открие како другата страна се нашла во својата ситуација.

„Не поставувајте очигледни прашања, туку  оние на кои навистина сакате да го знаете одговорот“, советува Бенсон.

Поставувајте ги прашањата искрено, наместо да копате и да се одмаздите со аргумент, несогласувањето престанува да биде црно или бело, кој е во право и кој не е. Наместо тоа, несогласувањето станува разговор во кој другата страна исто така има можност да ги објасни своите ставови.

„Мора да дозволите отворен разговор по секоја цена. Со поставување на прашање имате можност во жештината на аргументот да направите пауза и да се смирите додека другата страна одговара на вашето прашање. Ако сакате подобри несогласувања, треба да создадете простор за нив“, советува тој, додавајќи дека импулсивните реакции и гневот се нешто што нема да помогне.

Остатокот од текстот продолжува на следната страница!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.