Палачинки со грчки јогурт, лимон и семе од афион

Испробајте!

Брзи и лесни палачинки, меки како душа!

Состојки:

  • 250 гр брашно
  • 50 гр шеќер
  • 2 лажички прашок за пециво
  • 1/2 лажичка сода бикарбона
  • 1/2 лажичка сол
  • 2 лажици семе од афион
  • 245 гр грчки јогурт
  • 240 мл млеко
  • 60 гр путер, стопен и малку оладен
  • 2 големи јајца
  • сок и кора од еден лимон (1 лажица кора, 3 лажици сок)
  • 1 лажичка екстракт од ванила

Подготовка:

Се топи путерот, па оставете го да се излади.

Во голем сад измешајте ги брашното, шеќерот, прашокот за пециво, сода бикарбона, сол и семе од афион. Ставете на страна.

Во друг сад изматете заедно јогурт, млеко, путер, јајца, кора и сок од лимон и екстракт од ванила.

Потоа, додадете ги течните состојки на сувите и добро измешајте. Тестото треба да биде густо и добро е ако останат неколку грутки.

Загрејте ја тава над средна топлина. Дарежливо измачкајте ја со путер. Додадете доволно тесто за помали, американски, палачинки. Печете додека горниот дел не добие сув изглед, околу една минута. Потоа свртете и печете ја другата страна.

Послужете ги палачинките топли со додатоци по желба.

Предлог за главно јадење: Мини-пици од 3 состојки: Појадок што сите ги воодушеви! (ВИДЕО)

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.