Сакате подолга коса: Овие намирници ќе ви помогнат нагло да се зголеми растот на вашата коса!

Ќе обезбедат природен процес на растење на влакната

Зелен чај

Зелениот чај е одличен сојузник во забрзаниот раст на косата. Поради антиоксидансите кои ги содржи, можете секојдневно да го пиете или да го користите како додаток на вашиот шампон или лосион за коса.

Компир

Водата која останува после варењето на компирот е уште еден природен лек кој може да го забрза растењето на косата. Прво измијте ја косата со водата од компирот, а потоа со вашиот омилен шампон.

Маска од јајца

Измешајте едно јајце со 50 мл маслиново масло и смесата нанесете ја на косата. Завиткајте ја косата со пешкир и оставете маската да делува 1 час, потоа отстранете ја. Повторувајте ја постапката еднаш неделно.

Семки од грозје

Одвојте ги семките од грозјето во количина колку за една голема лажица. Додадете им лажица маслиново масло и убаво измешајте. Смесата втријте ја во коренот на косата и оставете да делува 1 час. Потоа отстранете ја.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.